Промовирани огласи »

Пили Хусеин е жена која преправена како маж дури 10 години работела во рудник за дијаманти, откако на 31 година побегнала од мажот. Таа сакала да се збогати со скапоцениот камен што се ископува во Танзанија, но на жените не им било дозволено да работат во рудниците.

Пили Хусеин е жена која преправена како маж дури 10 години работела во рудник за дијаманти во Танзанија. Таа пораснала во големо семејство во Tанзанија. Била ќерка на сточар, кој имал шест жени и 38 деца. Иако не биле сиромашни, сепак секое сеќавање на детството е тешко.

Татко ми секогаш ме третираше како момче. Главно ме тераше да ја чувам стоката, а мене не ми се допаѓаше таквиот живот - се присетува Хусеин.

Работела 600 метри под земјата

Подоцна бракот уште повеќе ја направил несреќна, па на 31 година побегнала од мажот.

Барајќи работа дошла во малиот град Мерерани во Танзанија, во подножјето на Kилиманџаро, единственото место каде што може да се ископа реткиот виолетов дијамант танзанит. Пили само сакала да се збогати од тој скапоцен камен. Меѓутоа, на жените не им било дозволено да работат во рудниците. Затоа, таа се преправила во маж и така работела речиси десет години.

Не одев во училиште, така што и немав некој избор. Бидејќи на жените не им беше дозволено да работат во рудникот, јас се претставив како силен маж - вели Пили.

За нејзината трансформација да биде што поверодостојна, таа дури и го сменила името.

Ме викаа чичко Хусеин, но никогаш никому не кажав дека се викам Пили. Дури и денес ако прашате за мене во рудникот ќе викам дека се викам Хусеин - раскажува таа.

Пили не се откажала од тешката работа. Работела 12 часа дневно неколку стотици метри под земјата.

Се спуштав и до 600 метри под земјата. Работев похрабро и посмело од кој било маж. Бев силна и можев без проблеми да одработам исто како и маж - истакнува таа.

Таа додава дека во текот на сите тие години никој не се посомневал дека е жена.

Постапував грубо, како горила. Знаев да се степам, зборував просто, дури носев и нож. Никој не се посемнева дека сум женско - вели Пили.

По 10 години нејзиниот труд се исплател. Таа нашла две грутки танзанит. Со парите од скапоцениот камен себеси си изградила куќа, но им помогнала и на роднините. Тогаш почнала да вработува рудари кои работеле за неа. Нејзината маска била толку убедлива што требало нешто исклучително да се случи за да ја откријат.

А тогаш се случило нешто неверојатно. Една жена од селото пријавила дека е силувана, а како главен обвинет ја навела токму Пили, која веднаш била уапсена.

Морала да докаже дека не може да биде силувач

Пили немала друг избор, туку да го открие својот идентитет. Таа барала да ја прегледаат за да докаже дека не е во состојба да силува жена, по што била пуштена.

Сепак, најголемиот шок го доживеале рударите што не поверувале дека успеала да ги мами со години.

Дури не веруваа и на полицијата која им кажа дека сум женско. Сознанието дека сум во брак уште повеќе ги изненади - се сеќава Пили.

Таа на крајот успеала вторпат да се омажи, иако нејзиниот втор маж бил крајно претпазлив.

Му требаше пет години за да ми се приближи. Постојано ме прашуваше дали навистина сум жена - вели таа.

Денес Пили е успешна деловна жена. Има сопствена компанија за ископување и вработува 70 работници. Меѓу вработените има и три жени, но тие не работат во јамите, туку како готвачки.

Таа вели дека и покрај нејзиното искуство, само неколку жени денес работат во танзаниските рудници.

Промовирани огласи »

Многу Хрвати кои се занимаваат со градежништво и се отидени сами или преку фирма во Германија, се жалат на лошите работни услови и затоа што не се исплатени. 

За нив во Загреб е отворено советувалиште. 

Миленко Делија вели дека три месеци работел во Дизелдорф, преку компанија и вели дека 39.000 куни уште не му се исплатени. 

„Должни се и на нашите колеги, а бевме вкупно петмина. Се обидуваме да дојдеме до нашите пари, но досега никој ништо не зема во обзир“ - вели тој. 

Тој додава дека хрватските газди не биле многу ангажирани околу нивните права и плаќање, а Германците тоа го искористиле и ја менувале сумата за работен час. Ветувале сешто, но на крај работниците биле оштетени. 

Делија објаснува дека на почеток добиле пари, и потпишале дека земаат повеќе од минималецот, а сега од тие изјави не можат да добијат ниту копија. 

Нивната фирма не им дала договори за работа надвор од Хрватска. 

Промовирани огласи »

Samsung е моментно зафатен со продажбата на Galaxy S8. Нивниот најнов ударен модел има одличен старт на глобално ниво и можеби би би можел да постави и продажен рекорд за компанијата. Меѓутоа, Samsung не седи со скрствени раце.

Новиот извештај ни говори дека јужнокорејската компанија веќе работи на Galaxy S9 моделот, за кого уште сега знаеме дека го носи кодното име Star. Не е изненадување дека Samsung веќе ја почна работата на Galaxy S9, бидејќи за изработка на „flagship” модел е потребно навистина многу време. Samsung прилично ја подигна летвичката со Galaxy S8, и доколку историјата е показател, Galaxy S9 ќе претставува еден вид „посетепена надградба”.

Во извештајот исто така се споменува дека Samsung го почнал развојот и на поголемиот модел на  Galaxy S9, што го носи кодното име Star 2. Засега нема други детали за претстојниот телефон, но се порачува дека нема да има склоплив дисплеј.

Промовирани огласи »

ИТД Дистрибуција, пријатно ги изненади матурантите и полуматурантите од домот за деца без родители 11 Октомври.

Претставници од компанијата присуствуваа на традиционалната матурска прослава која се одржа во домот и на овогодинешната генерација матуранти и полуматуранти им подарија  Gigabyte GSmart Elite мобилни телефони.

“Со овој наш скромен гест, се обидуваме на овие деца им обезбедиме незаборавни мигови во период кој за нив е многу важен.  Нашата компанија ги продолжува општествено-одговорните активности планирани за оваа година, кои имаат за цел да им помогнат и да ги подобрат условите за живот на најранливата категорија- децата”, велат претставници од ИТД Дистрибуција.

Компанијата изминатиов период реализираше низа на општествено одговорни активности, меѓу кои беа и донација на лаптопи и покривање на трошоци за патување на меѓународен фестивал во Италија токму за домот за деца без родители 11 Октомври.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »