Промовирани огласи »

Неработни денови за сите граѓани во нашата земја повеќе нема, но затоа има уште два неработни дена и тоа за Турците и Католиците во Македонија.

Прво ќе одмараат граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

А, потоа ќе одмараат и Kатолиците во земјава и тоа на 25 декември, прв ден Божиќ кој се паѓа во сабота.

Во наредната 2022 година следуваат нови неработни денови, а првиот ни доаѓа токму на 1 јануари кога ќе одмараат сите ѓраѓани на нашата земја.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (сабота), Нова Година,

• 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,

• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 02 август (вторник), Ден на Републиката,

• 8 септември (четврток), Ден на независноста,

• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,

• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,

• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици),

• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,

• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (четврток), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Целта на овој проект е создавање гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците во согласност со минималните барања.

Воспоставување на гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците, односно во случај на стечај на компаниите во кои работеле, има за цел проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавец" што во земјава ќе се спроведува во наредните 18 месеци.

Целта на овој проект е создавање гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците во согласност со минималните барања дефинирани од Директивата на ЕУ 2008/94 како и во согласност на националниот социо-економски контекст. Со законот што треба да биде донесен, дополнително, се врши хармонизација на нашето законодавство со она на ЕУ, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на почетокот на твининг проектот.

Таа додаде дека еден од клучните постулати на европската социјална правда е обезбедување повисока социјална заштита на вработените, како и правна и институционална рамка која ќе гарантира почитување и заштита на работничките права во секоја фаза на деловното работење на нивните работодавци и оти тоа е целта што треба да се постигне со спроведувањето на овој проект.

Зајакнувањето на институционални капацитети на МТСП и другите релевантни чинители се клучен фактор за успешно транспонирање на Директивата во националното законодавство и натамошно спроведување, рече Шахпаска.

Стефен Худолин, раководител на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, вели дека треба да постојат силни механизми за заштита на правата на работниците, затоа што, како што рече, не станува збор за статистичка бројка, туку за човечки судбини.

Без оглед на причините за стечај, тоа е нешто што многу тешко се доживува секаде. Но, она што е уште потешко се последиците од нечиј стечај, кои можат да бидат губење на илјадници работни места. И тука не зборуваме само за статистички податоци, туку зборуваме за луѓе кои ги губат своите работни места и наеднаш стануваат ранливи бидејќи немаат со што да ги поддржуваат своите семејства, рече Худолин.

Затоа, додаде, работниците треба да бидат на исто ниво како и сите други доверители, треба да имаат заштита на нивните права и на она што им е потребно на нивните семејства.

Воспоставување на ваквиот систем, како што беше посочено, бара соработка на повеќе чинители и тоа е нешто што овој проект што се спроведува помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија како главна институција корисник и Министерството за труд и социјални работи и семејство на Република Словачка, заедно со Регионалната развојна агенција од регионот на Братислава, Словачка, треба да го овозможи.

Словачкиот амбасадор во Македонија Хенрик Маркуш истакна дека Македонија и Словачка се традиционално пријателски земји, и оти Словачка постојано ќе ја дава својата поддршка на земјава на европскиот пат.

Овој проект е одлична можност за заедничка работа и планирање на иднината во социјалната сфера со силен фокус на зајакнување на правата на работниците во случај на несолвентност на нивните работодавци, и со тоа да се подобри социјалниот систем во вашата земја, рече Маркуш, додавајќи дека добрата заштита на правата на вработените треба да биде во центарот на напорите на секоја влада.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека останува на ставот дека  поскапувањето на струјата ќе биде најмногу до 10 отсто.

Јас останувам на тоа што сум го кажал и ќе чекаме до крајот на месецот да видиме каква ќе биде одлуката на РКЕ. Ние сме ги направиле сите анализи, и не само јас како министер за економија и другите институции биле вклучени – енергетските компании како што се ЕСМ, ЕВН, МЕПСО и согласно нашите анализи останувам на ставот што сум го кажал. Нема да има зголемување повеќе од 10 отсто, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по завршната конференција „15 години ја олеснуваме трговијата“ по повод едногодишното претсеадвање на земјата со ЦЕФТА.

Тој прецизира дека првично не кажал 10 проценти, туку, вели, најмногу до 10 проценти, а тоа може да биде и нула, и еден и два, па до 9,99 отсто.

Дополнително на тоа, за граѓаните, појасни дека веќе почнале да се изработуваат нови модели во делот на одредување на цена на електрична енергија со моделот на блок тарифи каде што, како што рече ќе ги поттикнеме граѓаните да заштедат електрична енергија.

Тие што се најранливи можеби ќе имаат и намалување во делот на електричната енергија од јуни наредната година, а тие што прават потрошувачка над еден мегават и повеќе од еден мегават што е многу, и тие најверојатно се многу богати семејства што трошат толку многу електрична енергија, за нив ќе се зголеми дополнително цената. Ова го зборувам за јуни имајќи во предвид дека двапати годишно ние носиме одлуки за утврдување на цената на електрична енергија, вели Бектеши.

Тој посочи дека секои шест месеци Електродистрибуција, ЕВН Хоум, ЕСМ и МЕПСО доставуваат барања во делот на покривање на трошоци и во делот на маржите до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и согласно тие барања одлуката ја носи РКЕ каде што ги прифаќа трошоците кои се оправдани.

Секако дека нивно право е тие не само 100 отсто може да бараат и 2000 отсто зголемување, но колку ќе се прифати тоа ќе видиме во наредниот период. Јас во однос на зголемување на цената на електрична енергија за првите шест месеци од 2022 година веќе сум дал изјава и стојам целосно зад тоа што сум го кажал, повтори Бектеши. 

Промовирани огласи »

Долго пред метаверсот да стане главен тренд на IT компаниите, постоеше Minecraft. Тоа е платформа која започна како видео игра за избегнување експлозии од суштества во облик на кактус што ве следат и стана видео содржина  со кој милиони играчи ја креираат својата содржина и ја поставуваат на Youtube. Денес, YouTube, во соработка со развивачот на Minecraft, Мојанг, прославува невиден трилионити приказ.

Една од вработените во Мојанг, Лидија Винтерс, ги припишува трилиони прегледи на нејзиниот тим, за нивното залагање и креативност кои придонесоа играта да се стекне со голема популарност. Причината зошто Minecraft е толку успешна на YouTube е затоа што видеата на YouTube се начин на раскажување приказни“, вели таа. „Значи, кога играте Minecraft можете да направите било каква приказна во светот на Minecraft, тоа е најгоолемата причина зошто имаме толку многу луѓе кои создаваат содржина за Minecraft“.

Според бројките, заедницата на YouTube на Minecraft има над 35.000 создавачи од над 150 земји вкучувајќи го и најголемиот Youtuber Pewdiepie.

Minecraft е најпопуларната игра на YouTube досега. Во 2020 година заработи над 200 милијарди прегледи. Дел од таа навидум недопирлива популарност е поради природата на Minecraft. Тоа е отворен простор (open world) за сите видови креации, начин на кој ниедна друга видео игра не може да се пофали.
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »