Долго пред метаверсот да стане главен тренд на IT компаниите, постоеше Minecraft. Тоа е платформа која започна како видео игра за избегнување експлозии од суштества во облик на кактус што ве следат и стана видео содржина со кој милиони играчи ја креираат својата содржина и ја поставуваат на Youtube. Денес, YouTube, во соработка со развивачот на Minecraft, Мојанг, прославува невиден трилионити приказ.
Една од вработените во Мојанг, Лидија Винтерс, ги припишува трилиони прегледи на нејзиниот тим, за нивното залагање и креативност кои придонесоа играта да се стекне со голема популарност. Причината зошто Minecraft е толку успешна на YouTube е затоа што видеата на YouTube се начин на раскажување приказни“, вели таа. „Значи, кога играте Minecraft можете да направите било каква приказна во светот на Minecraft, тоа е најгоолемата причина зошто имаме толку многу луѓе кои создаваат содржина за Minecraft“.
Според бројките, заедницата на YouTube на Minecraft има над 35.000 создавачи од над 150 земји вкучувајќи го и најголемиот Youtuber Pewdiepie.
Minecraft е најпопуларната игра на YouTube досега. Во 2020 година заработи над 200 милијарди прегледи. Дел од таа навидум недопирлива популарност е поради природата на Minecraft. Тоа е отворен простор (open world) за сите видови креации, начин на кој ниедна друга видео игра не може да се пофали.