Промовирани огласи »

Централната Банка на Англија соопшти дека биткоинот може да стане безвреден и дека луѓето кои инвестираат во дигитална валута треба да бидат подготвени дека е можно да изгубат сè.

Во предупредувањето за потенцијалните ризици за инвеститорите, централната банка доведе во прашање дали постои инхерентна вредност на најистакнатата дигитална валута, чија вредност се искачи на близу 50.000 долари по парче оваа година.

На почетокот на ноември, биткоинот достигна рекордно високо ниво од 67.000 долари, но вредноста драстично се намали откако за првпат се појави веста за новата варијанта на коронавирус, омикрон.

Биткоинот се стабилизираше дури минатата недела.

Заменик-гувернерот сер Џон Канлиф рече дека Банката мора да биде подготвена за ризиците поврзани со порастот на криптовалутите по нејзиниот брз пораст на популарноста.

Цените може да варираат доста, а биткоинот теоретски или во пракса може да падне на нула, изјави Канлиф за Би-Би-Си.

Пазарната капитализација на криптовалутите се зголеми десеткратно од почетокот на 2020 година на околу 2,5 милијарди долари, што претставува околу 1 процент од глобалните финансиски средства. Околу 0,1 отсто од богатството на британските домаќинства е во биткоин и слични криптовалути, како што се етериум и бинанс коин. Дури 2,3 милиони луѓе поседуваат некоја криптовалута, во просек по околу 330 фунти секој од нив.

Промовирани огласи »

Тендерот за изградба на брз автобуски превоз, односно Бас рапид транзит (БРТ) е стопиран, јавува СДК.мк.

Имено, новата градоначалничка на Град Скопје по преземањето на функцијата најави дека нема да го подолжи овој проект, а сега истиот официјално е прекинат. 

Од нејзниот кабинет велат дека постапката е прекината и поради тоа не се пристигнати понуди.

„БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното“, велат од Град Скопје за СДК.мк.

Претходно, Арсовска рече дека скопјани преку референдум ќе изберат која е најдобрата опција како решение за јавниот превоз, односно дали го сакаат проектот предложен од претходниот градоначалник Шилегов за брз автобуски превоз (БРТ) или пак ќе се одлучат за нејзиниот предлог за 250 еколошки автобуси.

Инаку, БРТ системот, познат како „автобуско метро“ беше еден од клучните проекти што ги објави и почна претходниот менаџмент на градот под раководство на Петре Шилегов. 

Промовирани огласи »

Неработни денови за сите граѓани во нашата земја повеќе нема, но затоа има уште два неработни дена и тоа за Турците и Католиците во Македонија.

Прво ќе одмараат граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

А, потоа ќе одмараат и Kатолиците во земјава и тоа на 25 декември, прв ден Божиќ кој се паѓа во сабота.

Во наредната 2022 година следуваат нови неработни денови, а првиот ни доаѓа токму на 1 јануари кога ќе одмараат сите ѓраѓани на нашата земја.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (сабота), Нова Година,

• 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,

• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 02 август (вторник), Ден на Републиката,

• 8 септември (четврток), Ден на независноста,

• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,

• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,

• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици),

• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,

• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (четврток), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Целта на овој проект е создавање гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците во согласност со минималните барања.

Воспоставување на гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците, односно во случај на стечај на компаниите во кои работеле, има за цел проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавец" што во земјава ќе се спроведува во наредните 18 месеци.

Целта на овој проект е создавање гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случај на несолвентност на работодавците во согласност со минималните барања дефинирани од Директивата на ЕУ 2008/94 како и во согласност на националниот социо-економски контекст. Со законот што треба да биде донесен, дополнително, се врши хармонизација на нашето законодавство со она на ЕУ, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на почетокот на твининг проектот.

Таа додаде дека еден од клучните постулати на европската социјална правда е обезбедување повисока социјална заштита на вработените, како и правна и институционална рамка која ќе гарантира почитување и заштита на работничките права во секоја фаза на деловното работење на нивните работодавци и оти тоа е целта што треба да се постигне со спроведувањето на овој проект.

Зајакнувањето на институционални капацитети на МТСП и другите релевантни чинители се клучен фактор за успешно транспонирање на Директивата во националното законодавство и натамошно спроведување, рече Шахпаска.

Стефен Худолин, раководител на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, вели дека треба да постојат силни механизми за заштита на правата на работниците, затоа што, како што рече, не станува збор за статистичка бројка, туку за човечки судбини.

Без оглед на причините за стечај, тоа е нешто што многу тешко се доживува секаде. Но, она што е уште потешко се последиците од нечиј стечај, кои можат да бидат губење на илјадници работни места. И тука не зборуваме само за статистички податоци, туку зборуваме за луѓе кои ги губат своите работни места и наеднаш стануваат ранливи бидејќи немаат со што да ги поддржуваат своите семејства, рече Худолин.

Затоа, додаде, работниците треба да бидат на исто ниво како и сите други доверители, треба да имаат заштита на нивните права и на она што им е потребно на нивните семејства.

Воспоставување на ваквиот систем, како што беше посочено, бара соработка на повеќе чинители и тоа е нешто што овој проект што се спроведува помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија како главна институција корисник и Министерството за труд и социјални работи и семејство на Република Словачка, заедно со Регионалната развојна агенција од регионот на Братислава, Словачка, треба да го овозможи.

Словачкиот амбасадор во Македонија Хенрик Маркуш истакна дека Македонија и Словачка се традиционално пријателски земји, и оти Словачка постојано ќе ја дава својата поддршка на земјава на европскиот пат.

Овој проект е одлична можност за заедничка работа и планирање на иднината во социјалната сфера со силен фокус на зајакнување на правата на работниците во случај на несолвентност на нивните работодавци, и со тоа да се подобри социјалниот систем во вашата земја, рече Маркуш, додавајќи дека добрата заштита на правата на вработените треба да биде во центарот на напорите на секоја влада.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »