Промовирани огласи »

Новиот приватен авион Skyacht One е своевидна „јахта“ на небото. Веројатно никогаш не сте ни помислиле дека сето ова е возможно да го има во еден авион, но откако ќе ги погледнете фоготафиите ќе се уверите дека е вистинит.

Летечкага јахта е со кабина долга 4000 квадратни километри, ентериерот на луксузниот авион е инспириран од изгледот на внатрешноста во 30-те години.

Главната кабина располага со голема заедничка просторија, коктел бар, и телевизор.

Претседателската кабина има се што на една хотелска соба и е потребно: кревет, сопствена бања и тоалет.

Промовирани огласи »

Веројатно нема да ви се верува, но доколку возите во капут или во зимска јакна во Шпанија, ве очекуваат високи казни до 200 евра.

Иако изгледа чудно, сепак ова правило има логика а тоа е дека зимската јакна ве ограничува во возењето, односно ги лимитира вашите движења при управувањето со воланот. Таму истото правило важи и ако на себе имате шал или ракавици, пишува ревијата ХАК.

Тестовите на Германскиот автоклуб (ADAC) покажале дека со зимската јакна можете да имате друг тип на проблеми. Таа ќе го оневозможи правилното затегнување на сигурносниот појас кој може да се лизне преку стомакот и да ги повреди цревата, црниот дроб или панкреасот.

Промовирани огласи »

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), како единствен репрезентативен претставник на бизнисот во трипартитниот социјален дијалог, ја подржува програмската определба на Владата за постепено достигнување на нивото на минималната плата од 18.000 денари до крајот на мандатот на оваа влада.

Сметаат дека постојните законски норми според кои се врши годишно усогласување на висината на минималната плата со растот на просечно исплатената плата, со индексот на трошоците на живот и со растот на бруто домашниот производ, овозможуваат на фер начин да се одреди реалната вредност на минималната плата и со тоа да се компензира растот на цените на основните производи од кои во најголем дел зависи животниот стандард на населението.

– Остануваме на својот став дека до реално зголемување на платите и подобар стандард на целото население во земјава може да се дојде само преку здрав и одржлив економски раст, кој ќе се темели на пораст на продуктивноста и конкурентската способност на компаниите. Затоа, во следниот период мора повеќе да се вложува во нови технологии, дигитализација и автоматизација, а државата да создаде поволен економски амбиент за да се реализираат ваквите инвестиции, се наведува во денешното соопштение од ОРМ.

Изразуваат надеж дека во следните години ќе се остварат проекциите на Владата за економски раст, без поголеми потреси предизвикани од актуелната панде*ија, политички кризи или друг вид ризици.

Во врска со предложените измени во Законот за работни односи и Законот за трговија, со кои се доуредуваат одредбите за недела како ден за одмор, за кои во тек е процедурата за усвојување во Собранието, ОРМ смета дека во овој момент е направен добар компромис помеѓу барањата на синдикатите и реалните можности на бизнис секторот.

– Но, истовремено укажуваме дека моделот во предложеното законско решение со кој се прави избор и се набројани дејностите во кои поради природата на дејноста и техничко-технолошкиот процес ќе можат да работат и во недела, носи ризик некои дејности да бидат изоставени од таа листа. Затоа сметаме дека уште во текот на собраниската расправа за овие законски измени, како и во текот на имплементацијата на Законот, ќе мора да се води сметка за евентуално дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела, стои во соопштението.

Такви се на пример, се посочува, дејностите за производство на цемент, каде поради карактерот на технолошкиот процес не може да се прекинува работењето во недела, како и дејноста изградба на патишта и железници, каде поради временските услови може да дојде до прекин на работата во текот на работните денови, а изгубените работни часови да мора да бидат надоместени во недела.

Од ОРМ изразуваат надеж и дека со подзаконските акти и правилници кои ќе ги донесе ресорниот министер за труд и социјална политика поточно ќе се утврдат помошните или придружните дејности и работните места кои имаат карактер на помошни и придружни дејности, со што, како што посочуваат, Законот би станал целосно применлив и дека нема да предизвика поголеми проблеми во работењето на компаниите.

Извор: МИА

Промовирани огласи »

Ако имате блага болка во грлото, замор, болки во мускулите слични на грип и блага треска можно е да сте заразени со омикрон сојот на коронавирусот. 

Тоа се најчестите симптоми кај пациентите заразени со омикрон, кои се лекувани во неколку индиски болници. Од 14 заразени во болницата во Мумбаи, осум биле асимптоматски, а 13 биле пуштени на домашно лекување. ЦТ на белите дробови покажа дека ниту еден пациент нема промени, што може да значи дека омикрон не предизвикува тешка пневмонија како некои претходни соеви на коронавирусот. Од 35 случаи во другата болница, половина немале симптоми.  Но,  ниту еден пациент не го изгубил чувството за мирис или вкус.  

Омикрон го има во над 80 држави во светот. Расте бројот на заболени со омикрон во регионот во Грција, а пет случаи веќе има и во Црна Гора. Овој сој ги менува очекувањата за крај на пандемијата.  Во пресрет на празниците, многу земји воведуваат рестрикции. 
Инаку, научниците велат дека е потребен период од една година за целосно закрепнување од ковид. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »