Промовирани огласи »

KARIERA.mk оваа година беше дел од четвртата конференција “Жени Претприемачки” која се одржа во пријатна и опуштена атмосфера, со многу позитивна енергија во „Рагуза360“ во Скопје.

Конференција која не само што го величи претприемачкиот дух на жената, туку го величи и нејзиното влијание во секој домен од нашите животи. Настан исполнет со приказни и искуства кои ќе допрат и ќе го разбудат претприемачкиот дух во тебе. 

На конференцијата присуствуваа жени кои што се сопственички на свој бизнис, жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор и жени кои се менаџери, лидери во својата професија (директорки во корпорации, докторки, наставнички, спортистки итн). 

Говорниците на конференцијата до сите учесници дадоа соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.

Презентери на четвртата конференција “Жени Претприемачки” беа:

- Верица Јорданова, основач и сопственик на веб порталот www.inovativnost.mk,  

- Јосиф Дамјанов, дипломиран софтверски инженер на ПМФ, но сепак одлучува да се пушти во сосема нова приказна и да прерасне во советник за здрав живот,

- Зори Јаколин, претприемач кој твори нови можности и гради мостови помеѓу неповрзани патишта.Организаторот на деловни случувања, сопственик на лиценцата за Бизнис кафе Словенија,

- Д-р Горданa Тасевска, професор на Бизнис академија Смилевски во Скопје и заменик-директор на БАС

Во онлајн номинирањето учествуваа 434 дами, а оние со најмногу номинации формираа листа со 50 финалистки во вкупно 10 категории, за кои потоа гласаше жири составено од претставници на медиуми, компании, образовни институции и истражувачки агенции. Целта на изборот беше да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.

KARIERA.mk како еден од подрживачите на „Жена на годината“ заедно со  Пивара Скопје, Тиквеш, Orbico, Империјал тобако, Пеко, Охридски бисер Филеви и др. ги мотивира жените се повеќе да влегуваат во бизнисот, затоа што жените претставуват еден голем и значаен дел од светската популација, со несомнено големо влијание во сеопфатното општество.

Ако мажите претставуваaт кров на една куќа, тогаш несомнено жените претставуваат темел на таа куќа.

Промовирани огласи »

Axapta Masters е компанија – сертифициран Microsoft Gold Partner со искуство во обезбедување на надграба во деловниот процес и технологиите на компаниите – клиенти, применувајќи практични решенија со цел постигнување на најдобри резултати и ефикасност во работењето. Axapta Masters е компанија која на пазарот постои веќе 8 години, работи со клиенти од целиот свет, корисници на Microsoft Dynamics-решенијата и овој октомври официјално го достигна бројот од 100 вработени. Златната 100ка немаше да биде возможна без посветеноста на нашиот тим од вработени, кои се клучни за успехот на компанијата.

Компанијата е основана во 2013, во Скопје, Р.Македонија и во моментот е една од водечките ИТ компании во земјава и регионот, специјализирани за работа со ERP решението на Microsoft – Dynamics AX/Dynamics 365.

Axapta Masters ги отвора вратите за младите ентузијасти кои се заинтересирани да учат и да растат додека работат на меѓународни проекти.

Axapta Masters секогаш внимателно ги одбира своите нови членови па така во моментот на сервисот Кариера.мк е застапен со дури 5 различни работни профили кои можете детално да ги разгледате ТУКА.

SALES INTERN

RECRUITMENT INTERN

GERMAN SPEAKING SUPPORT SPECIALIST

SYSTEM ADMINISTRATOR

SOFTWARE DEVELOPER

Tе покануваме да ја следиш Axapta Masters на следниот линк и да аплицираш  на отворените активни огласи за вработување.

Промовирани огласи »

Успешните луѓе се навистина фасцинантни. Наместо да им се завидува, од нив треба да се учат здрави победнички навики. Тие треба да се набљудуваат и анализираат и да се црпи најкорисното од нив. Еве неколку од нивните победнички тактики.

Имајте крајна цел
Дали се чувствувате изгубени кога правите нешто, а не знаете каде тоа ве носи? Луѓето кои постигнуваат успеси на сите полиња, секогаш ја имаат целта во глава. Тие знаат што сакаат и се посветуваат целосно кон остварување на замисленото. Кога имате поставено цел, имате и на што да се фокусирате. Доколку немате цел, секогаш ќе талкате наоколу, чувствувајќи се изгубено. Секогаш имајте на ум што треба да правите, така ќе си помогнете полесно да стигнете таму.

Имајте причина
Имањето крајна цел е само еден мал сегмент од целата приказна. Победниците секогаш имаат причина зад нивните намери. „Патувањето“ кон вашата цел е полно со препреки. Повеќето луѓе се откажуваат на половина пат затоа што немаат конкретна причина за она што го прават. Како и да е, оние кои имаат силни причини, имаат и поголеми шанси да ги „прерипаат“ препреките. Веројатноста да се откажете е многу поголема доколку немате причини за она што го правите. Како на пример, доколку имате за цел да изгубите 10 килограми од вашата тежина, знаете дека оваа задача нема да ви биде воопшто лесна. Но, доколку си речете дека без тие 10 килограми ќе изгледате фантастично за време на свадбата на која ќе присуствувате, задачата е веќе на повисоко нив и вие влегувате мотивирани и фокусирани.

Детално планирање на времето
Времето е еден од најважните ресурси. Можете да трошите пари, а потоа да успеете да најдете начин како да ги вратите назад, но за времето тоа е невозможно. Морате да бидете претпазливи како го трошите. Доколку сакате да си ги исполните целите, сигурно поголемиот дел од денот не треба да го потрошите гледајќи телевизија или дружејќи се со пријателите.

Водете бележник за секој саат од денот. Ова во денешно време можете да го правите со многуте апликации, кои можете да ги користите онлајн или на вашиот мобилен телефон. Доколку сте решени навистина да успеете, посветете се на поважните обврски, наместо да се опуштите.

Имајте поддржувачи
Секогаш е полесно да се откажеш кога си сам. Соберете или формирајте поддржувачка група која ќе ви помогне на патот до успехот. За да креирате ваква група, потребно ќе ви биде да најдете истомисленици кои сакаат да постигнат слични цели на вашите. Групата обидете се да биде помала, од двајца до максимум шест луѓе, кои морате да ги одбирате внимателно. Одберете луѓе кои се позитивни, ориентирани кон успехот и со слични ставови.

Обидувајте се повторно и покрај падовите
Тешко е да се погоди метата од прва. Затоа вистинските победници никогаш не се откажуваат. Има многу нешта кои не ги знаеме во животот, па грешките ни помагаат да научиме нешто ново. Имајте на ум дека секогаш можете да научите побрзо, доколку се обидувате почесто во краток временски период, а притоа не успевате да постигнете успех. Со побавно реагирање, учењето е со побавно темпо. Кога преземате нешто побрзо, учите забрзано и почнувате да разбирате кои работи функционираат, а кои не.

За време на процесот на учење можеби ќе се соочите со многу фрустрации. Како и да е, никогаш не откажувајте се. Секогаш обидувајте се со нови идеи кои сте ги создале за време на целиот процес. Нема краток пат низ овој процес.Исто така, можете да најмите и ментор или тренер. Без разлика дали целта ви е да ослабете или да отворите компанија за профит, неговото искуство ќе ви биде добредојдено на патот кон постигнување на целта. Бидејќи тие сигурно веќе го поминале тој пат, ќе работат со вас и ќе ви помагаат заедно да ги пребродите предизвиците.

Промовирани огласи »

Во интервју за Вечер, д-р Мира Атанасова изјавила дека во Македонија веќе има двојна инфекција со ковид-19 и грип кај исто лице. 

Споредено со лани истиот период, оваа година има повеќе заразени со грип. Минатата година всушност имаше помалку од 300 заразени во текот на целата сезона, кога беше доминантен британскиот сој на коронавирусот. 

За една недела ширум земјава регистрирани се нови 134 случаи на заболени од грип, кои се пријавени во шест градови во земјава, а најмногу од заболените се во Дебар – вкупно 58. Оваа статистика е дел од последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Почетните симптоми се многу слични, па дел од пациентите најпрво се тестираат за ковид, пред и самите лекари да дијагностицираат грип. 

Најголем дел од заразените не биле вакцинирани ниту со вакцина против грип, ниту против ковид-19. 

Повеќе прочитајте тука. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »