Промовирани огласи »

Во интервју за Вечер, д-р Мира Атанасова изјавила дека во Македонија веќе има двојна инфекција со ковид-19 и грип кај исто лице. 

Споредено со лани истиот период, оваа година има повеќе заразени со грип. Минатата година всушност имаше помалку од 300 заразени во текот на целата сезона, кога беше доминантен британскиот сој на коронавирусот. 

За една недела ширум земјава регистрирани се нови 134 случаи на заболени од грип, кои се пријавени во шест градови во земјава, а најмногу од заболените се во Дебар – вкупно 58. Оваа статистика е дел од последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Почетните симптоми се многу слични, па дел од пациентите најпрво се тестираат за ковид, пред и самите лекари да дијагностицираат грип. 

Најголем дел од заразените не биле вакцинирани ниту со вакцина против грип, ниту против ковид-19. 

Повеќе прочитајте тука. 

Промовирани огласи »

Според студијата која во 2019 година ја спровеле истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисокото ниво на IQ во светот го имаат Јапонците, со просек од 106,49.

На листата топ 10 држави во кои живее народ со највисок коефициент на интелигенција следат:

Тајван – 106,47, Сингапур – 105,89, Хонгконг – 105,37, Кина – 104,10, Јужна Кореја – 102, 35, Белорусија – 101,60, Финска – 101,20, Лихтенштајн – 101,07, Холандија и Германија – 100,74.

Просечното IQ според податоците на оваа студија е 98,16 што нас нè сместува во потпросечно паметни луѓе.

Maкедонија се најде на 108-то место со просечен коефициент на интелигенција 81,91.

Кога станува збор за земјите од регионот, редоследот е следен:

Хрватска – 95,75, Бугарија – 90,99, Србија – 89,6, Босна и Херцеговина – 88,54, Црна Гора – 85,78, Албанија – 81,75.

Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука информира дека од денес се до 31 декември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој месец и тоа од 20ти до 30ти, односно 31-ви во месецот.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.

Промовирани огласи »

Со 62 гласа „за" и ниту еден против пратениците во Собранието на Македонија го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за  работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор.

Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод изгласувањето на Законот за работните односи со кој се утврдува недела како неработен ден.

Министерката Шахпаска рече дека со ова законско решение овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.

Работниците се нашиот најголем капитал. Нивниот труд мора да се почитува и вреднува. Затоа, оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Непочитувањето на ова законско решение го утврдува Државниот инспекторат за труд и на работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од 15 дена, а доколку го повтори прекршокот во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата, рече Шахпаска.

Таа додаде дека вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%. А дополнително, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

Работничките и работниците се столбот на нашата економија и движечка сила на државата. Поради тоа остануваат наш приоритет во градењето на идните политики, порача министерката Шахпаска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »