Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука информира дека од денес се до 31 декември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој месец и тоа од 20ти до 30ти, односно 31-ви во месецот.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.

Промовирани огласи »

Со 62 гласа „за" и ниту еден против пратениците во Собранието на Македонија го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за  работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор.

Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод изгласувањето на Законот за работните односи со кој се утврдува недела како неработен ден.

Министерката Шахпаска рече дека со ова законско решение овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.

Работниците се нашиот најголем капитал. Нивниот труд мора да се почитува и вреднува. Затоа, оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Непочитувањето на ова законско решение го утврдува Државниот инспекторат за труд и на работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од 15 дена, а доколку го повтори прекршокот во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата, рече Шахпаска.

Таа додаде дека вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%. А дополнително, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

Работничките и работниците се столбот на нашата економија и движечка сила на државата. Поради тоа остануваат наш приоритет во градењето на идните политики, порача министерката Шахпаска.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија вчера поднесе предлог до Собранието и до Министерството за труд и социјална политика за донесување на закон со кој минималната плата треба да изнесува 18.000 денари. ССМ бара и висината на минималната плата да не биде пониска од 60 отсто од просечната месечна нето-плата во последните три месеци, како и спирално зголемување на сите останати плати во државата.

Ваквите барања веќе подолго време ги бара синдикатот, а како аргументи за зголемувањето на минималната плата ги посочува порастот на животните трошоци и најавите за зголемување на цената на струјата по Нова Година.

ССМ секој месец ја пресметува синдикална минимална кошница во која се опфатени производите и услугите кои се најнеопходни за егзистенција на едно семејство. Гледајќи го порастот на цените на услугите и производите на пазарот кои се од витално значење за нормалниот живот, разговаравме дека не може да чекаме до март кога согласно закон се врши усогласување на минималната плата. Имавме енормно зголемување на храната, средствата за хигиена и на горивата и врз основа на нашите пресметки и нашата интенција минималната плата да биде 60 отсто од просечно исплатената плата, направивме пресметка која покажа дека минималната плата треба да биде 18.000 денари, вели во изјава за МИА генералниот секретар на ССМ Златко Цветковски.

Додава дека мора да им се помогне на работниците за да може полесно да ги подмират основните месечни потреби имајќи предвид дека по Нова Година се очекува зголемување на цената на струјата, а замрзнатите цени на основните прехранбени продукти важат до 31 јануари.

По барање на ССМ се работи и на анализа за влијанието на минималната плата врз стопанството чии првични резултати покажуваат дека покачувањето на минималната плата не влијае негативно, туку напротив позитивно на продуктивноста на работниците.

Синдикатот бара поддршка од сите пратенички групи за овој нивни предлог. Подготвени се да ги искористат сите синдикални можности што им стојат на располагање за да го реализираат ова нивно барање, а во спротивно како крајна варијанта најавуваат генерален штрајк.

Последните податоци за синдикалната минимална кошница покажуваат дека таа во октомври е зголемена за 200 денари во однос на септември. Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната кошничка во октомври изнесувала 34.584 денари. Најголем процент од месечните трошоци одат за храна и за режиски трошоци.

Промовирани огласи »

Собранието на Северна Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден.

Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари.

Собранието на Северна Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден.

Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари.

Со овој предлог закон работниците ќе имаат право на слободен ден во текот на неделата и додаток на плата во висина од 50%. Во недела ќе работат моловите, дел од прехранбената индустија, угостителските објекти, рудниците, медиумите,здраствени институции, противпожарна служба,фотографски, креативни, уметнички дејности и други.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »