KARIERA.mk оваа година беше дел од четвртата конференција “Жени Претприемачки” која се одржа во пријатна и опуштена атмосфера, со многу позитивна енергија во „Рагуза360“ во Скопје.
Конференција која не само што го величи претприемачкиот дух на жената, туку го величи и нејзиното влијание во секој домен од нашите животи. Настан исполнет со приказни и искуства кои ќе допрат и ќе го разбудат претприемачкиот дух во тебе.
На конференцијата присуствуваа жени кои што се сопственички на свој бизнис, жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор и жени кои се менаџери, лидери во својата професија (директорки во корпорации, докторки, наставнички, спортистки итн).
Говорниците на конференцијата до сите учесници дадоа соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.
Презентери на четвртата конференција “Жени Претприемачки” беа:
- Верица Јорданова, основач и сопственик на веб порталот www.inovativnost.mk,
- Јосиф Дамјанов, дипломиран софтверски инженер на ПМФ, но сепак одлучува да се пушти во сосема нова приказна и да прерасне во советник за здрав живот,
- Зори Јаколин, претприемач кој твори нови можности и гради мостови помеѓу неповрзани патишта.Организаторот на деловни случувања, сопственик на лиценцата за Бизнис кафе Словенија,
- Д-р Горданa Тасевска, професор на Бизнис академија Смилевски во Скопје и заменик-директор на БАС
Во онлајн номинирањето учествуваа 434 дами, а оние со најмногу номинации формираа листа со 50 финалистки во вкупно 10 категории, за кои потоа гласаше жири составено од претставници на медиуми, компании, образовни институции и истражувачки агенции. Целта на изборот беше да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.
KARIERA.mk како еден од подрживачите на „Жена на годината“ заедно со Пивара Скопје, Тиквеш, Orbico, Империјал тобако, Пеко, Охридски бисер Филеви и др. ги мотивира жените се повеќе да влегуваат во бизнисот, затоа што жените претставуват еден голем и значаен дел од светската популација, со несомнено големо влијание во сеопфатното општество.
Ако мажите претставуваaт кров на една куќа, тогаш несомнено жените претставуваат темел на таа куќа.