Промовирани огласи »

епублика Северна Македонија не се смета повеќе за “ризична област” во Сојузна Република Германија. Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Северна Македонија. Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележана болест или потврда за целосна имунизација.

Инаку со најновата одлука на Република Грција, сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена имунизација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа).Додека за влез во Република Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер доза или доказ за прележана болест (не постари од 6 месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин.

Промовирани огласи »

Европската комисија денеска донесе регулатива за важност на ковид-сертификатите во период од девет месеци, односно точно 270 дена од примарната вакцинација.

Под примарна вакцинација се подразбира вакцинација со две дози од „Астразенека“, „Фајзер“ или „Модерна“ или една доза „Џонсон и Џонсон“.

Новата регулатива ќе биде обврзувачка за сите 27 земји-членки од 1 февруари, соопштија официјални лица.

Регулативата ќе ја замени необврзувачката препорака на Европската комисија од ноември.

Така, врз основа на оваа одлука, земјите-членки на ЕУ ќе мора да дозволат пристап за патниците кои ги примиле пропишаните дози.

Исклучок ќе биде влошување на состојбата, кога ќе можат да се воведат дополнителни ограничувања како карантин или негативни тестови.

Новите правила, според агенцијата „Ројтерс“, се однесуваат само за меѓународни патувања.

Владите на секоја земја-членка на ЕУ ќе може да одредат свое времетраење на ковид-сертификатите што се користат за влез на настани на територијата на тие држави, пренесе „Ројтерс“.

Неколку земји, како Италија, Грција и Португалија, сега од целосно вакцинираните патници бараат и негативни тестови.

Со примена бустер доза од вакцината, важноста на ковид-сертификатите засега ќе биде без временско ограничување, со оглед на тоа што сè уште нема доволно информации за времетраењето на заштитата што ја обезбедува бустер дозата, изјавиле официјални претставници за „Ројтерс“.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето веќе закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето веќе закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето веќе закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »