Промовирани огласи »

ГОДИНА ПОЛНА СО НАСМЕВКИ

Да заокружиме една година со заеднички активности кои беа дел од соработката на НЕПТУН Македонија и СОС Детско село. Се дружевме на неформален начин, топ менаџмент се поврза со младите и волонтираше преку молерисување на младинска куќа , се спроведоа обуки за младите во правец на осамостојување, се опремија неколку куќи со бела техника.

Како заокружување на нашата стратешка соработка НЕПТУН Македонија делуваше во правец на мисијата на СОС Детско село: Топол дом и љубов за секое дете и реализареше финансиска донација со вредност од 420.000,00 денари.

НЕПТУН Македонија ја препоразнава работата на СОС Детско село и несебично во секое делување ќе ја покажуваме нашата подршка со посветеност која е резултат за одржливост. Заедно со СОС Детско село да ги менуваме животите на децата, младинците и семејства во ризик.

Стратешкото партнерство прераснува во соработка која се работи со многу љубов и посветеност, резултира со многу детски насмевки, реализирани млади и дадена втора шанса во животот.

Вистинска привилегија е што и нашата мала држава преку СОС Детско Село е дел од интернационално семејство, кое во 136 земји во светот работи и е посветено на помош и поддршка на најранливите – ДЕЦАТА.

Наша заедничка определба е да работиме сите заедно на тоа да сите деца и млади, живеат во општества каде што сите ќе имаат право на подеднаква среќа и да се стремиме колективната среќа и љубов на заедницата да биде неизоставен порив на секој човек И СЕКОЕ ДЕТЕ ДА ИМА СВОЈ ТОПОЛ ДОМ, СЕМЕЈСТВО И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА И ЉУБОВ!

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Гигантот за спортска облека Adidas Originals заработи 23,5 милиони долари со продажба на 30.000 незаменливи токени (NFT) на Адидас „Into the Metaverse“ во рок од неколку часа од пуштањето во продажба.

Според Блок, компанијата заработила 5.924 Ethereum (ETH), а секој NFT чинел 0,2 ETH. Адидас ги направи NFT во партнерство со Bored Ape Yacht Club, Punks Comics и GMoney.

Незаменлив токен (NFT) е уникатно дигитално средство што претставува сопственост на предмети од реалниот свет како уметност, видео клипови, музика и многу повеќе. NFT работат на истата блокчејн технологија што ги напојува криптовалутите, но тие не се валута.

Сепак, не е јасно дали Адидас планира да понуди повеќе NFT во иднина, но на својата веб-страница пишува дека: „ова е само почеток“.

Во меѓувреме, конкурентот на Адидас, Најк, поднел седум апликации за заштитен знак додека се подготвува да влезе во метаверс. Како дел од апликацијата, компанијата ја посочи својата намера да прави и продава виртуелни брендирани патики и облека. Луѓето досега потрошиле над 9 милијарди долари во продажба на NFT - а вкупната продажба на NFT се очекува да достигне 17,7 милијарди долари до крајот на годината.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство информираше дека на вечерашната седница Владата на Република Северна Македонија го усвоила мислењето на Министерството за здравство дека несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето.

Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење и следствено, не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »