Промовирани огласи »

Англија– Три дози од вакцината на Астра Зенека се ефикасни против сојот Омикрон објави денеска фармацевтската компанија, повикувајќи се на податоци од лабораториска студија на Универзитетот Оксфорд.

Студијата, која допрва треба да биде објавена во медицинско списание, покажа дека нивоата на антитела против Омикрон по засилената доза се значително повисоки отколку кај луѓето кои биле прележале Ковид.

По три дози на Астра Зенека нивото на неутрализирачки тела против Омикрон е слично на она што се создава против Делта по две дози, соопшти компанијата.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Не за популистичко зголемување на минималната плата. Сојузот на Стопански Комора против владините најави за пораст на минималецот на 18.000 денари по Нова година.  Вештачкото зголемување, што не ја следи продуктивноста на вработените и економската состојба на фирмите ќе донесе низа негативни ефекти, меѓу кои отпуштања, раст на инфлацијата и сивата економија. Ако сака, Владата може да се откаже од дел од давачките за придонеси, кои се највисоки во регионот.

Ако Владата е искрена во своите намери да помогне на бизнисот и граѓаните, треба да спроведе мерка со која ќе се намалат стапките на придонесите кои кај нас се на екстремно високо ниво. Кај нас ефективната стапка на придонеси на бруто плата изнесува околу 33 проценти, додека за споредба во Германија изнесува 27 проценти, Бугарија 19 проценти, Словенија 18 проценти, Хрватска 17 проценти. Оваа разлика реално е и поголема кога ќе се стави во однос со квалитетот на услугите кои се добиваат од државните фондови за пензиско и за здравствено осигурување, истакна Александра Андреева, член на Управен одбор на ССК.

Комората брои 20.000 членки, микро и мали компании, кои изминатиов период мака мачеле да опстојат поради последиците од корона пандемијата. Сега, наместо да ги стимулира, државата со вакви мерки ќе затвори голем дел од нив

Тоа е како да гасите пожар со масло, изјави Благоја Грозданов, член на УО од ССК.

Повисоката минимална плата ќе им ги зголеми трошоците на фирмите. Еден вработен со минималец од 18,000 денари, газдата го чини скоро 27.000, со придонеси и данок на доход. Ова значи дека уште скоро половина од платата фирмите и ја даваат на државата.

Сепак, од Владата не отстапуваат. Повисоката плата е во заштита на работниците и подобрување на нивниот стандард.

Инаку барањето на Синдикатот бараше минималец во висиона од  60% од просечната плата, како што е во земјите од Унијата. Токму денеска статистика објави пораст на платите, така што прсочената во октомври достигна 29.145 денари. Ако се зголеми минималната на 18,000 денари, ќе се надмине и тој праг од 60 отсто.

Промовирани огласи »

Еврото падна во однос на доларот. 

Курсот на еврото денеска повторно е под 1,13 долари, објавија германските финансиски публикации. Европската централна банка вчера одреди референтна стапка на еврото од 1,1295 долари. Eврото се намали со британската фунта откако Холандија влезе во карантин во неделата. Турската лира денеска го задржа растот откако се врати од рекордно ниското ниво поради новите мерки што ги најави претседателот Реџеп Таип Ердоган за заштита на заштедите во националната валута. Лирата се стабилизираше на 12,25 лири за долар. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »