Промовирани огласи »

Цел свет зборува за омикрон, нов вид на корона кој за кратко време е регистриран во повеќе од 100 земји низ светот, а во некои веќе стана доминантен. Експертите велат дека предизвикува полесни клинички слики и различни симптоми од претходните варијанти, но дека е многу позаразна.

Меѓу другото, сојот омикрон има „способност“ да ги зарази оние кои веќе го поминале ковидот, а ризикот за тоа, откри д-р Милика Ашанин во утринските вести на РТС.

Експертите постојано нагласуваат дека ситуацијата е нестабилна, мора да следиме што се случува во регионот, што во другите земји. На пример, видот делта доминираше во Америка, речиси 100 проценти од заразените го имаа сојот делта, а потоа за две недели беше присутен видот омикрон, во три четвртини од заразените. Мора да бидеме внимателни, да се подготвиме за секое можно сценарио, видот омикрон дефинитивно продира, луѓето многу лесно се заразуваат, дури и оние кои го преболеле имаат 40 проценти ризик да се заразат со овој вид. Мора да бидеме подготвени за краток период да згрижиме голем број заразени, предупреди докторот, а ја коментираше и актуелната епидемиолошка состојба во Србија.

Ситуацијата е поповолна, но сепак нестабилна, многу кревка, лесно може да се распадне. Имаме надолен тренд кај новозаболените пациенти, но во последните денови бележиме пораст на пријавени новозаболени пациенти, па дури и зголемување на приемите во нашите болници со Ковид. Во Батајница моментално има 350 пациенти, од кои 44 се на одделението за интензивна нега, 25 се интубирани, рече српскиот лекар.

Извор: Блиц.рс

Промовирани огласи »

Rolls-Royce започна со јавно тестирање на својот прв целосно електричен сериски автомобил, Spectre, пред лансирањето на пазарот во втората половина од 2023 година.

Spectre ќе биде гранд-турер со две врати, со карактеристична долга хауба и мускулести пропорции - карактеристики што го поставуваат како остварлива замена за Wraith, кој првпат беше пуштен во продажба во 2013 година.

Што се однесува до цената, можеме да претпоставеме дека ќе биде во опсегот од шест цифри со веројатна почетна цена од околу 400.000 долари.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, Лисиче, Гази Баба и Ректорат, Градот Скопје ги информира граѓаните дека ги прогласува следните мерки од прв степен – предупредувања и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните:

  • Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници
  • Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје
  • Ограничување на градежни активности на објектите во надлежност на Град Скопје
  • Интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.
  • Зачестено машинско миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и препорака на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.
  • Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.
  • Апел до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.
  • Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.

Промовирани огласи »

Ги поминуваме последните денови од 2021 година и повеќе не ни останаа неработни денови кои ќе ги користиме за одмор, но новата 2022 година е на прагот, а во неа има многу неработни денови.

Доколку сеуште не сте погледнале колку се и колку продолжени викенди ќе имаме, тоа направете го во продолжение:

За сите граѓани на РМ: 01 јануари (сабота), Нова Година, 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,

25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (вторник), Ден на Републиката,

8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (среда), Богојавление (Водици), 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ: 27 јануари (четврток), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите.За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »