Промовирани огласи »

Ги поминуваме последните денови од 2021 година и повеќе не ни останаа неработни денови кои ќе ги користиме за одмор, но новата 2022 година е на прагот, а во неа има многу неработни денови.

Доколку сеуште не сте погледнале колку се и колку продолжени викенди ќе имаме, тоа направете го во продолжение:

За сите граѓани на РМ: 01 јануари (сабота), Нова Година, 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,

25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (вторник), Ден на Републиката,

8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (среда), Богојавление (Водици), 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ: 27 јануари (четврток), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите.За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Од 1 јануари 2022 година сите вработени кои се ангажирани во трговијата ќе имаат 100 проценти поголема дневница. Како што објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, според измените на Законот за трговија кои беа донесени во Собранието, почнувајќи од 1 јануари 2022 година, вработените во трговските центри, односно моловите, во продавниците во склоп на бензински станици, трговци на мало со еден вработен,  кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%.

Овие трговци ќе треба да платат и дополнителни, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници, а средствата  ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки. 

Промовирани огласи »

KARIERA.mk разговараше со Љупка Деспотоска Deputy Regional Manager во QUIPU и Иван Николов вработен како Data Warehouse Analyst во QUIPU, кои на кратко ни ја опишаа посебноста на компанијата QUIPU по што таа се разликува од останатите на пазарот. Истовремено разговаравме за значењето на здравата работна средина, негувањето на позитивните вредности како и работните позиции кои функционираат во канцеларијата во Скопје.

Во прилог погледнете го видео интервјуто:

Промовирани огласи »

Во моментот кога треба да го избереш твоето ново работно место, потребно е и да размислуваш која компанија би била твојата иднина. За таа цел, KARIERA.mk е твојот директен помошник преку голем број на огласи за вработување во било кој момент.  

Кое работно место е најдобаро?  Еве неколку наши предлози на компании кои ќе ви помогнат во изборот.

Приватна агенција за вработување МОТИВИ за потребите на своите клиенти е во потрага по:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - EAST GATE MALL

КУЌНА ПОМОШНИЧКА

ПОМОШНИЦИ ВО МАРКЕТ 

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позициите:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ВЕЛЕС

КОНСУЛТАНТ ЗА ТЕРЕНСКИ ПОСЕТИ НА КЛИЕНТИ 

ЕКСПЕРТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО КРЕДИТИРАЊЕ

КАЗИНО СТАР вработува на следниве работни позиции:

ОПЕРАТОРИ ЗА ВО КАЗИНО СТАР - ЖЕЛИНО 

ОПЕРАТОРИ ЗА ВО КАЗИНО - ТОПАНСКО ПОЛЕ 

КАСИЕР/КА ЗА ВО КАЗИНО - ДЕБАР

ОПЕРАТОРИ ЗА ВО КАЗИНО - ВЕЛЕС

Евротип спортските обложувалници во моментот има потреба од вработување на ЕКОНОМИСТ /ПРАКТИКАНТОПЕРАТОРИ ЗА УПЛАТНО МЕСТО ВО СТРУГА и ПРОГРАМЕР.

Axapta Masters секогаш внимателно ги одбира своите нови членови па така во моментот на нашиот сервис е застапен со дури 9 различни работни профили кои можете детално да ги разгледате ТУКА.

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа вработува ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ.

Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје има отворени работни места. Погледнете ги сите ТУКА.

Тинекс во моментов е во потрага по КЕЛНЕРИ/ШАНКЕРИ, млади, енергични лица со одлични организациски вештини и искуство во работењето со гости за следното работно место во ресторанот DAILY FOOD AND WINE.

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка има отворени 4 работни места:

АДМИНИСТРАТОР ЗА НАБАВКА, ПРОДАЖБА И АНАЛИТИКА

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА/REFERENT I SHITJES

МЕНАЏЕР ЗА ИЗВОЗ

РЕФЕРЕНТ ЗА ДОМАШНА И МЕЃУНАРОДНА ТЕНДЕРСКА ПРОДАЖБА

Поради зголемениот обем на работа Тимот на АЛФИ БИ КОМПАНИ има потреба од: Работници во кафетерија за работна позиција во Скопје – со или без работно искуство.

Agile Pro Solution (APS) има потреба од следниве работни позиции:

INSIDE SALES REPRESENTATIVE 

RECRUITER 

TELEMARKETING AGENTS

FINANCIAL SALES AGENT

Сите останати активни огласи, можете да ги погледнете на KARIERA.mk 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »