Консултант за теренски посети на клиенти

За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. повеќе за компанијата »

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на физички лица на наједноставен и најбрз начин.

Дали и вас ви е важно колку и нам постојано да ги подобрувате вашите професионални вештини, напредувањето во кариерата и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот? Со нас, можете да ги живеете секој ден сите овие вредности.

Нашите вработени се нашата најголема вредност и тие го прават Тиго неверојатно место за учење, работа и создавање на нивната и нашата иднина. Сакаме секој ден да го чувствуваме како можност и да бидеме опкружени со оптимизам и креативност.

Поради брзиот раст на компанијата нудиме одлична можност за вработување на

Консултант за теренски посети на клиенти

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.

Позицијата вклучува:

  • Секојдневна посета на должници (физички лица) на нивната домашна адреса на територијата на цела држава, со цел изнаоѓање на взаемно решение за соодветна наплата на долговите;
  • Одлична ориентација во населени места и ефикасно идентификување на предвидените адреси;
  • Одлична комуникација со корисници во однос на наплата на кредитни долгови (физички лица);
  • Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување;
  • Работа согласно процедури за обезбедување навремена наплата;
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата и реструктуирање на долгови;
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Директор на сектор за управување со портфолио.

Профил на кандидат:

  • Искуство во теренска наплата се смета за предност;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Вештини за преговарање и убедување;
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати;
  • Флексибилност за извршување на работните задачи во сите општини во РМ;
  • Сопствено возило се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Услови од компанијата:

  • Работно време понеделник до петок 08.00-16.00 часот
  • Современа и најнова технологија;
  • Атрактивен пакет на бонуси;
  • Велнес програми и придобивки од попусти;
  • Дополнително колективно осигурување;
  • Можност за напредување;
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија;
  • Надомест за користење сопствено возило.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето  Аплицирај.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »