Промовирани огласи »

Во модерниот свет, задржувањето на вниманието кај купувачите е нешто на што поголемиот дел од компаниите се фокусираат и прават се за да придобијат поголем дел од пазарот во секој момент.

Сепак, истражувањето покажува дека психологијата е клучна наука со која треба да се внимаваат компаниите за да можат не само да бидат во однос со потрошувачот, туку и да останат поврзани во подолг период

Издвоивме клучни линии кои ќе ве водат до ваквиот успех:

  • Испорачајте навистина исклучително доживување за секој ваш купувач.
  • Испорачајте и повеќе од онаа што сте го ветиле на секој ваш купувач.
  • Постојано се наоѓате во контакт со секој ваш купувач.
  • Навистина вредите повеќе одколку што вашите купувачи треба да ви платат.
  • Вашите купувачи знаат за вашата вредност и вредноста што тие ќе ја добијат доколку работат со вас и вашиот бизнис.
  • Бидете човек од доверба и направете вашите купувачи да му веруваат на вашиот бизнис.
  • Помогнете му на вашиот купувач без разлика дали тој купува или не купува во моментот.

Промовирани огласи »

Коосновачот на „Android“, Енди Рубин се подготвува за официјалното пуштање на смартфонот на неговата нова компанија – „Essential“, пишува „The Verge“.

Компанијата објави твитови, во кој се наведува дека „се поставува нешто големо“ на 30-ти мај, а самиот Рубин додаде дека тој и неговиот тим се „речиси подготвени да го споделат со сите тоа што го подготвуваат“.

Рубин треба да зборува на конференција на „Recode“ на истиот датум.

Пред два месеца тој даде сосема лесни насоки за телефон кој има исклучително минималистичка рамка и е со заоблени рабови на панелот, слично на „Samsung Galaxy S8“ и „LG G6“.

Ерик Шмит подоцна потврди дека уредот ќе работи со „Android“. Твитовите на Рубин се објавени од Купертино, Калифорнија, каде е домот на „Apple“, а не од канцелариите на „Essential“ во Пало Алто.

Од компанијата открија уште дека новиот уред ќе има 360-степена камера.

Промовирани огласи »

Иако Германците се синоним на дисциплина и ред, сепак не работат премногу ако се земат в предвид работните часови и го ценат слободното време. 

Тие на работа поминуваат 1.371 работни часови, или 26 часа неделно помалку од Италијанците, Русите, Грците и Турците. 

Многу од Германците работат со скратено работно време, за да се посветат на семејството, на своето хоби, а сакаат и да патуваат. 

По закон Германците имаат најмалку 20 дена годишен одмор, а тоа е помалку од Французите или двојно повеќе од Кинезите и Канаѓаните. 

Мислењето дека во работно време на улиците нема луѓе не е точно. 

Тајната е во тоа што тие се продуктивни работници и за кратко време успеваат да сработат многу. 

Промовирани огласи »

Купувачите се всушност сите луѓе околу нас, купувачи сме и ние. Дали и како нашето однесување се рефлектира на пазарот.

Незадоволните купувачи се нешто кое секоја компанија го има директно или индиректно. Секако, незадоволните купувачи значат многу за компаниите - во негативна конотација.

Екпертите со години пробуваат да создадат правила за тоа како треба да се однесувате кон вашите купувачи кои се незадоволни по некој основ. Ги издвојуваме следните:

1. Слушајте ги

Без оглед на видот на купувачот кој е лут на вашата компанија, вие треба да бидете добар слушател пред сè друго. Ќе треба да знаете зошто тој е лут и кои се грешките што тие мислат дека вашиот бизнис ги прави.

2. Прво анализирајте пред да одлучите било што

Не одлучувајте пред да направите добра анализа на тоа зошто се лути купувачот.

Ќе треба да поставувате прашања како што се како тој купувач придонесува за вашиот бизнис, колку приход генерираат за вас, што е со фреквенцијата на нивните купувачки навики, можете ли да подобрите нешто во врска со тоа …

Врз основа на одговорите на овие прашања можете да се одлучите за вредноста да го трошите вашето време за да се справите со таков купувач.

3. Нема ништо лично

Понекогаш јазикот на лутиот купувач може да изгледа многу лично за вас. Но, ништо не е лично. Без оглед на тоа што вашиот купувач го вели или прави, не сваќајте го тоа лично.

Вие сте претприемач со купувачи кои во повеќето случаи се разочарани од вашите бизнис процеси, а не од вас или вашите вработени.

4. Ако е вредно за вашето време, запрашајте го како можете да го направите среќен

Вие не сакате само да го задоволите лутиот купувач туку сакате да ги најдете вистинските проблеми и да се обидете да ги подобрите вашите бизнис процеси за во иднина. Најдобрите информации можат да дојдат токму од овие видови на купувачи.

Но, морате да бидете внимателни, особено за купувач кој не е некој што придонесува многу за вашата компанија. Понекогаш тие можат да бидат обични минувачи кои доаѓаат еднаш и никогаш повеќе не прават бизнис со вас. Запрашајте се дали е достоен за вашето време, за да најдете начин како да го направите среќен.

5. Ставете го тој купувач на вашата листа на чекање

Кога ги знаете причините за нивната лутина, ќе ти треба дополнителна анализа за да донесете правилна одлука. Заблагодарете им се за информациите и кажете им дека ќе им се јавите подоцна.

Но, не заборавајте да им се јавите.

6. Вреди ли да се занимавате со нив?

Веќе ја знаете вредноста за тој купувач, веќе ги проверивте и изворите на проблемот, па сега лесно можете да одлучите даоли вреди да се занимавате со нив.

7. Повикајте го да се врати и разговарајте за проблемот

Кога ќе се одлучите што е потребно да направите, повикајте го да се врати и разговарајте со него за проблемот. Сега, веројатно не е толку нервозен и разговорот може да биде поинформативен и поквалитетен за вас.

Имате две можности: да се извините или да престанете да работите во иднина со нив.

8. Се извинувам и ветувам

Ако тие се вредни за вас и откривте дека вашите бизнис процеси се вистинската причина зошто тие се лути, можете да им каже дека такво нешто никогаш нема да се случи повторно. Извинете им се и кажете им што веќе сте преземале за да се справите со проблемот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »