Промовирани огласи »

Доколку патувате во Германија, во оваа земја се воведуваат нови мерки поради ширењето на омикрон. 

Tие ќе стапат на сила на целата територија на Германија во вторник. Во целата држава важи правилото за собирање најмногу на десет лица, не сметајќи ги децата до 14 години. Ова важи без разлика дали се вакцинирани или невакцинирани.

Ако меѓу овие лица има невакцинирани лица, тогаш важи правилото дека насобраните можат да бидат едно домаќинство, а најмногу две лица кои припаѓаат на друго домаќинство.

Од вторник се одржуваат спортски настани пред празни трибини. Собири на отворено се дозволени до 200 луѓе само со примена на дозвола за пристап на вакцинирани или оние кои го прележале вирусот. Истото важи и за културните настани како кино или театар.

Од денеска се затворени и сите клубови и дискотеки со исклучок на сојузните покраини Берлин и Хамбург. Овде се дозволени клубови, но танцувањето е забрането. Наместо тоа, дозволени се културни настани како изложби или литературни собири.

Омикрон зема сериозен замав во Европа. Тој веќе доминира и кај јужниот сосед. 

Во новата 2022 година се очекува овој сој да доминира во Европа. 

Промовирани огласи »

Кога работите во корисничка поддршка, знаете дека одговарањето на телефонски повици е ваша основна функција. Вие обично сте ангажирани за вашите силни комуникациски вештини.

Иако може да изгледа лесно и едноставно самото јавување на телефонот, но одговарањето на професионални повици многу се разликува од одговарањето на лични повици.  Често може да дојдете во ситуација случајно да разговарате со вашиот клиент како што би разговарале со вашата најдобра пријателка или мајка.

1. Одговорете на повик во најкраток рок

Ако вашата позиција подразбира да бидете секогаш достапни за повикувачите, всушност треба да бидете достапни. Тоа значи да останете фокусирани и веднаш да одговарате на повиците. 

2. Претставете се

Кога ќе се јавите на телефон претставете се.  Вашиот клиент ќе биде пречекан со топлина, што ќе поттикне позитивен почеток на вашиот повик.

3. Зборувајте јасно

Телефонските повици може да бидат одлична опција за оние кои не сакаат директна интеракцијата во лице, но истите бараат силни комуникациски вештини, бидејќи личноста од другата страна на линијата не може да го идентификува вашиот говор на телото и вашата љубезна насмевка.

4. Активно слушајте и запишувајте

Од суштинско значење е активно да ги слушате вашите клиенти во текот на разговорот. Активното слушање значи да се слушне сè што имаат да кажат. Ова им докажува на вашите клиенти дека сте присутни и дека сте сочувствителни за нивните проблеми и потешкотии.

5. Користете професионален јазик

Очигледна е клучната разлика помеѓу професионалните и личните телефонски повици - јазикот. Можеби е прифатливо да користите сленг и пцовки кога разговарате на телефон со вашите пријатели, но овој вид на јазик може да предизвика да изгубите клиент засекогаш. Во ред е да се внесе хумор доколку е соодветно, но никогаш не правете шега што може да го вознемири клиентот.

Промовирани огласи »

Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б.

Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје.

 На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години, велат од Град Скопје. 

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб страницата на ЈСП Скопје. 

Промовирани огласи »

Владата во Хрватска треба да донесе нови мерки кои се наречени „Ја бирам Хрватска“, со кои се предвидува стимулација од 200.000 куни за повратниците од ЕУ.

Владата ќе им даде пари и на оние кои сакаат да го преселат својот бизнис од поразвиените урбани средини во помалку развиените делови на Хрватска. Според предлогот, тие ќе добијат 150.000 куни (20.000 евра) за самовработување, плус 25.000 куни за преселба.

Владата во Хрватска треба да донесе нови мерки кои се наречени „Ја бирам Хрватска“, со кои се предвидува стимулација од 200.000 куни за повратниците од ЕУ.

Владата ќе им даде пари и на оние кои сакаат да го преселат својот бизнис од поразвиените урбани средини во помалку развиените делови на Хрватска. Според предлогот, тие ќе добијат 150.000 куни (20.000 евра) за самовработување, плус 25.000 куни за преселба.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »