Промовирани огласи »

Фолксваген очекува да произведе околу 43 % повеќе возила во својата главна фабрика во Волфсбург, изјави шефицата на работниот совет Даниела Кавало за германски весник. Зголемувањето би било значително подобрување од оваа година, но производството сепак ќе биде под влијание на недостигот на полупроводници.

Оваа година VW очекува да произведе околу 400.000 автомобили во Волфсбург. Бројката е помала од она што Кавало претходно го кажа дека била првична цел од 1 милион.

Додека ситуацијата се очекува да се подобри во 2022 година, заедно со олеснување на снабдувањето со чипови, влијанието на недостигот сè уште ќе се почувствува.

Програмата за годинава сè уште не е фиксирана. Но, во моментов плановите предвидуваат 570.000 произведени возила во Волфсбург.

Се разбира, има и ризици“, рече Кавало, кој исто така е член на надзорниот одбор на Фолксваген.

Промовирани огласи »

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, на денешната прес-конференција рече дека Владата ќе реагира доколку снабдувачите незаконски им ги раскинуваат договорите на големите компании за снабдување со електрична енергија и ги уценуваат авансно да плаќаат по 500 евра за мегаватчас.

Државата не може да се меша, договорите се направени според либерализираниот пазар. Со Регулаторната комисија за енергетика дискутираме дали основот за раскинување е според Законот за облигациони односи и Законот за енергетика . Ако видиме дека има основ, секако Владата ќе реагира. Берзанските цени на електрична енергија паѓаат, рече Битиќи како одговор на новинарско прашање.

За разлика од големите компании, за домаќинствата и за малите потрошувачи вицепремиерот вели дека е обезбедена сигурна електрична енергија во наредните шест месеци. Државата за овие категории, како што вели тој, осигурувала „повластени цени“.

Промовирани огласи »

Брзите домашни антигенски тестови за Ковид-19, кои имаат предност да даваат резултати за само неколку минути, се помалку чувствителни на омикрон отколку на претходните варијанти на коронавирусот и се со поголема веројатност да покажат лажно-негативен резултат и покрај инфекцијата во споредба со претходните соеви, соопшти Американската агенција за храна и лекови (ФДА).

Прелиминарните податоци покажуваат дека антигенските тестови ја откриваат варијантата омикрон, но со намалена чувствителност, се вели во соопштението на ФДА. Чувствителноста е мерка за тоа колку е веројатно тестот да даде позитивен резултат.

Информацијата доаѓа во време кога земјата се соочува со голем пораст на бројот на случаи на зараза со омикрон.

ФДА објави дека продолжува да ја одобрува употребата на брзи антигенски тестови, следејќи ги прецизните упатства за употреба. Имено, некои брзи тестови треба да се направат двапати во одреден временски интервал за да се потврди резултатот.

Доколку некое лице е негативно на антиген тест, но постои сомневање за Ковид-19 поради видливи симптоми или голема веројатност за инфекција поради изложеност на вирусот, важно е да се користи молекуларен (ПЦР) тест, истакна агенцијата и додаде дека соработува со Националните институти за здравје (НИХ) на проучување на веродостојноста на домашните антигенски тестови на примероци од пациенти кои содржат жива верзија на омикрон.

ПЦР тестовите го откриваат генетскиот материјал на вирусот и се попрецизни бидејќи можат да направат милиони копии од РНК на вирусот, па успеваат да откријат и помали количини на вирусот.

Претходните тестирања се фокусираа на примероци од вирусот инактивирани со топлина наместо на жив вирус, што е подобро, а намалени перформанси на тестот досега не се забележани, се додава во соопштението.

Промовирани огласи »

Од утре престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град.

На денешниот брифинг со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше посочено дека досегашните мерки дале резултат.

Поради тоа, од утре ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати.

Дополнителни мерки, како што рече Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани.

Прашана за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска рече дека се прават лабораториски мерења и податоци се добиваат за пет до седум дена. Во изминатите две години, како што рече, биле направени само пет надзори за животна средина.

Се што е во наша надлежност ќе направиме, рече Арсовска, додавајќи дека имаат луѓе на терен кои постојано работат на контрола на индустриските капацитети.

Таа најави дека во наредните два месеца ќе има повеќе вонредни инспекциски надзори.

Сите индустриски капацитети ќе ги исконтролораме, ако имаат обврска да си стават филтри ќе си стават, ако сакаат да загадуваат во континуитет ќе бидат казнувани. Постапуваме и кај малите загадувачи, заклучи Арсовска.

Градоначалничката информира дека за два месеци расчистиле 120 диви депонии и најави драконски казни за загадувачите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »