Промовирани огласи »

Од утре престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град.

На денешниот брифинг со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше посочено дека досегашните мерки дале резултат.

Поради тоа, од утре ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати.

Дополнителни мерки, како што рече Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани.

Прашана за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска рече дека се прават лабораториски мерења и податоци се добиваат за пет до седум дена. Во изминатите две години, како што рече, биле направени само пет надзори за животна средина.

Се што е во наша надлежност ќе направиме, рече Арсовска, додавајќи дека имаат луѓе на терен кои постојано работат на контрола на индустриските капацитети.

Таа најави дека во наредните два месеца ќе има повеќе вонредни инспекциски надзори.

Сите индустриски капацитети ќе ги исконтролораме, ако имаат обврска да си стават филтри ќе си стават, ако сакаат да загадуваат во континуитет ќе бидат казнувани. Постапуваме и кај малите загадувачи, заклучи Арсовска.

Градоначалничката информира дека за два месеци расчистиле 120 диви депонии и најави драконски казни за загадувачите.

Промовирани огласи »

45.000 граѓани од ранливите категории ќе добијат по 1.000 денари со цел да ги покријат своите сметки за струја во зимските месеци кои доаѓаат, изјави вечерва на ТВ Сител претседателот на СДСМ и премиер во најава, Димитар Ковачевски. Тој рече дека Владата предвидела и намалување на ДДВ-то за струја од 18 на 5 отсто во случај на криза.

Ковачевски во своето прво телевизиско излагање уверуваше дека нема да има ценовен шок и рестрикции, иако одлуката за цената на струјата ја носи Регулаторната комисија за енергетика. Уште повеќе, енергетските компании веќе имаат добиено парична помош од Владата за оваа година, а оставена е ставка во Буџетот и за идната.

Ако зборуваме за енергетската криза во македонски контекст, фер е да кажеме дека во изминатите 30 години во државата не е инвестирано во ниту еден нов енергетски капацитет. Единствено сега имаме нови инвестиции финансирани дел од државниот буџет, дел со јавно-приватно партнерство во насока на зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори – истакна Ковачевски.

Промовирани огласи »

Драматични вести доаѓаат за корисниците на парно греење во Скопје.

Балкан Енерџи Груп бара цената на парното да се зголеми за 300 отсто веќе од први јануари следната година, дознава и пренесува порталот „Фактор“.

Во барањето кое го доставиле до Регулаторната комисија за енергетика тие наведуваат дека цената на гасот им е драстично зголемена, односно токму за 300 проценти, во однос на јули минатата година кога РКЕ ја донесе последната одлука за цената на топлинската енергија.

Колкаво зголемување ќе одобри РКЕ не е познато, но укажуваат дека земјава нема домашно производство на гас и тој се набавува единствено од увоз, а цената на светските берзи е драматична.  

Официјално од Регулаторната комисија за енергетика велат дека колку точно ќе поскапи парното ќе се знае кога БЕГ ќе достават докази за тоа по која цена ќе го склучат договорот за набавка на гас за следниот период. Барањето на БЕГ сега им е вратено, а за зголемувањето ќе се одлучува кога ќе се достават бараните докази од страна на регулаторот. 

Промовирани огласи »

Јапонците направиле робот кој игра кошарка, а тој досега можел само да шутира од место кон кошот и никогаш не промашувал.

Во Саитама Супер Арена Јапонците во Август претставиле робот кој игра кошарка, пред почетокот на Олимписките игри во Токио.

Јапонците се пошегувале дека тоа е нивниот одговор на Американците за Стеф Кари, најдобриот шутер на сите времиња.

"CUE5" може за помалку од минута да погоди слобоно фрлање, тројца и шут од половина терен.

Сега, покрај шутирањето, може и слободно да се движи со топка и да дрибла.

Роботот е висок 220 центиметри и е тежок 140 килограми.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »