Промовирани огласи »

Рускиот институт НАМИ (NAMI) претстави прототип на Lada Vesta со автоpilot, кој се контролира со технологија за автономно управувањe.

Беспилотната Lada ќе има три типа на машинско гледање – видео камери, ласерски радари кои ја скенираат околината за да создадат 3Д модели, како и традиционални радари со кои возилото ке се движи.

NAMI објави дека крајната цел на проектот е да се создаде систем без екипаж кој може да се инсталира во различни модели на автомобили.

Промовирани огласи »

Согласно Одлуката на претпријатието, на 31.12.2021 година (петок) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот. На 01.01.2022 година (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2022 година (понеделник) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (четврток) и 07.01.2022 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2022 година (сабота) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува убави новогодишни и божиќни празници.

Промовирани огласи »

Од денеска повторно е во функција жичарницата до врв на Водно.

ЈСП ги заврши сите неопходни процедури за пуштање на жичарата во функција од технички и безбедносен аспект.

Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од страна на Државен инспектор за жичарници како и редовен технички преглед, информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која денеска изврши увид на терен.

Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б).

Промовирани огласи »

На два дена пред почетокот на новата година, во тек е трескавична потрага по природен гас со кој ќе се обезбеди парното греење во Скопје. Доколку денеска не се најде решение, Скопје може да остане без парно греење.

Првиот ден од новата 2022 година за речиси 60 илјади скопјани може да биде многу студен. Корисниците на парно греење на компанијата БЕГ (Балкан Енерџи Груп) од 1 јануари можат да останат со студени грејни тела затоа што не е набавена потребната количина гас за следната година, пишува „Дојче веле“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »