Од денеска повторно е во функција жичарницата до врв на Водно.
ЈСП ги заврши сите неопходни процедури за пуштање на жичарата во функција од технички и безбедносен аспект.
Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од страна на Државен инспектор за жичарници како и редовен технички преглед, информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која денеска изврши увид на терен.
Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б).