Промовирани огласи »

Цената на парното греење што ќе важи од утре, 1 јануари ќе се зголеми за 14,05 отсто за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која лани просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство  му е понудена цена од 1480 долари.

-Доколку ја вкалкулиравме ваквата цена на природниот гас во крајната цена за парното ќе требаше да има зголемување од околу 190 отсто, но тоа не е опција. Затоа се одлучивме да побараме помош од Владата, Град Скопје и скопските општини да помогнат да се надмине разликата во цената, рече Бислимовски.

Посочи дека вообичаено БЕГ давал по два милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да де 13,8 милиони евра. Разликата во цена, како што кажа, ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје.

Нагласи дека е набавен гас за ЕСМ Енергетика и за топланата Скопје Север, како и за првите 15 дена од работењето на БЕГ.

Како опција, која не ја препорачува од еколошки аспекти, сите топлани можат да се префрлат на работа на мазут за само неколку дена, а БЕГ како најголем снабдувач е должен да има резерви од мазут за 15-дневно работење. 

Промовирани огласи »

НОВА ГОДИНА, НОВИ ВИЕ! И среќно засекогаш! Време е да се подготвиме за промени, бидејќи ова не е само обичен датум, нели? Збогувајте се со старата година и посакајте и добредојде на новата на најдобар можен начин. Ако во вашите планови за 2022 година, под број 1 на листата е ново работно место тогаш сигурно би сакале да ги погледнете компаниите кои вработуваат во моментов! 

Compass Management International е член на Компас Холдинг ДОО, Чикаго, Илиноис, САД, компанија посветена на услугата на камионската индустрија во моментов вработува INSIDE SALES REPRESENTATIVE

Ресторан ЕКВИЛИБРИУМ има потреба од САЛАТЕР/КА, поради зголемен обем на работа. 

БИГ БИЗНИС СОЛУШНС како  брзорастечка  компанија има потреба од комуникативна  личност  со  вештини  за  преговарање, убедување  и  продажба,  секогаш  ориентирана  кон остварување  на  резултати  и  аналитичко  размислување.  БИГ БИЗНИС СОЛУШНС ви  гарантира  висока плата  и  месечни  бонуси,  динамични  работни  услови  каде ќе  ги  унапредите  Вашите  вештини,  како  и  модерни работни  простории  во  центарот  на  градот. Во моментов вработуваат:

МАРКЕТИНГ АГЕНТ - ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

IT - ADMINISTRATOR

Тинекс во моментов е во потрага по КЕЛНЕРИ/ШАНКЕРИ млади, енергични лица со одлични организациски вештини и искуство во работењето со гости за следното работно место во ресторанот DAILY FOOD AND WINE, ГЛАВЕН САЛАТЕР и  ГЛАВЕН ГОТВАЧ.

КЛИКНИ ЈАДИ  овозможува едноставно нарачување на храна на територијата на градот Скопје во само неколку чекори. Во моментов има потреба од СМЕТКОВОДИТЕЛ

Олпео е подружница на нашата компанија ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје специјализирана за малопродажба на козметички производи. Тоа е прва специјализирана продавница за корејска козметика и единствена од ваков тип во нашата земја. Свои продажни локации има во Градскиот трговски центар во Скопје на првиот кат и во Палма мол во Тетово на приземје. Во моментов вработуваат ЛИЦЕ ЗА ПРОДАЖБА - OLPEO - ПАЛМА МОЛ ТЕТОВО.

Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.) Денес во компанијата се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Стани дел од тимот на Дени Интернационал и аплицирај ТУКА.

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија. Во моментов има отворена работна позиција за ПРАКТИКАНТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ  кој  сака  да  добие знаења  во  полето  на  дигитален маркетинг,  можност  да  работи  со  искусен  тим,    можност  да  научи  да  координира соработка  на  маркетинг  секторот .

Сите останати активни огласи, можете да ги погледнете на KARIERA.mk 

Промовирани огласи »

Од 1 јануари, сабота, дел од буџетарите добиваат право на додаток на плата до 30 проценти.

Ова одлука која пред четири месеци беше објавена, предизвика многу негативни реакции во јавноста. Сега, откако е објавена во Службен весник може да се применува, па дел од јавните административци може да очекуваат поголема јануарска плата.

Право на овој своевиден бонус имаат вработените во Министерство за одбрана, МВР, правда, политички систем и односи меѓу заедниците, МНР, финансии, економија, земјоделство, здравство, МОН, труд и социјала, локална самоуправа, култура, МИОА, транспорт и врски, екологија, како и вработените во Владата, секретаријатите за европски прашања и за законодавство, Државниот завод за ревизија и Службата за општи и заеднички работи.

Буџетските корисници во кои се утврдува правото на додаток на плата се сите буџетски корисници на централната власт, кои во својот буџет, во делот наменет за плати, имаат обезбедено средства за оваа намена, односно месечното барање за исплата на плата не е поголемо од месечното право на трошење, утврдено без планираните средства за нови вработувања, се појаснува во Уредбата која инстуитуција може да ги наградува вработените.

Предвидено е ова наградување од по 15 проценти, или вкупно 30 проценти да биде резултат на специфични работни задачи, постојана достапност, итно постапување, работа со класифицирани информации или подготовка на стратешки документи и анализи поврзани со владините политики, како и на зголемен обем на работа.

Извор: vecer.press

Промовирани огласи »

Цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 9,48%, а се укинува дневната евтина тарифа. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) најави дека кон крајот на јануари или почетокот на февруари ќе воведе блок тарифи со кои ќе се обезбеди потрошувачка на струја по пониска цена, посочувајќи дека рестрикциите не се опција.

Во исто време, Владата на вчера одржаната седница усвои „Програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година“, со која се предвидува најранливите категории на лица со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош, да добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија од 600 или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството. 

Според Програмата, ранлив потрошувач е домаќинство коешто користи гарантирана минимална помош и остварува паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со Законот за социјална заштита и во коешто живее лице во состојба на социјален ризик (мајчинство, болест, старост, повреда и попреченост).

За заштита на ранливите потрошувачи предвидени се следните мерки: 

  • Директна финансиска поддршка на ранливи потрошувачи на енергија како паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во месеците од октомври до март.
  • Финансиска поддршка за лица со ниски примања доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа: за  самец до 15.194,00 денари; за домаќинство  со два члена до 18.000,00 денари; за домаќинство до три члена до 21.000,00 денари; за домаќинство со четири члена до 25.000,00 денари; и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 30.000,00 денари. Овие лица ќе го остварат правото по пат на јавен оглас кој ќе го објави Министерството за економија. 
  • Финансиската поддршка ќе се исплатува 12 месеци со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето. 

За спроведување на оваа Програма обезбедени се средства во износ од 60.000.000,00 денари и ќе се применува од 1 јануари 2022 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »