Промовирани огласи »

Од 1 јануари, сабота, дел од буџетарите добиваат право на додаток на плата до 30 проценти.

Ова одлука која пред четири месеци беше објавена, предизвика многу негативни реакции во јавноста. Сега, откако е објавена во Службен весник може да се применува, па дел од јавните административци може да очекуваат поголема јануарска плата.

Право на овој своевиден бонус имаат вработените во Министерство за одбрана, МВР, правда, политички систем и односи меѓу заедниците, МНР, финансии, економија, земјоделство, здравство, МОН, труд и социјала, локална самоуправа, култура, МИОА, транспорт и врски, екологија, како и вработените во Владата, секретаријатите за европски прашања и за законодавство, Државниот завод за ревизија и Службата за општи и заеднички работи.

Буџетските корисници во кои се утврдува правото на додаток на плата се сите буџетски корисници на централната власт, кои во својот буџет, во делот наменет за плати, имаат обезбедено средства за оваа намена, односно месечното барање за исплата на плата не е поголемо од месечното право на трошење, утврдено без планираните средства за нови вработувања, се појаснува во Уредбата која инстуитуција може да ги наградува вработените.

Предвидено е ова наградување од по 15 проценти, или вкупно 30 проценти да биде резултат на специфични работни задачи, постојана достапност, итно постапување, работа со класифицирани информации или подготовка на стратешки документи и анализи поврзани со владините политики, како и на зголемен обем на работа.

Извор: vecer.press

Промовирани огласи »

Цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 9,48%, а се укинува дневната евтина тарифа. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) најави дека кон крајот на јануари или почетокот на февруари ќе воведе блок тарифи со кои ќе се обезбеди потрошувачка на струја по пониска цена, посочувајќи дека рестрикциите не се опција.

Во исто време, Владата на вчера одржаната седница усвои „Програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година“, со која се предвидува најранливите категории на лица со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош, да добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија од 600 или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството. 

Според Програмата, ранлив потрошувач е домаќинство коешто користи гарантирана минимална помош и остварува паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со Законот за социјална заштита и во коешто живее лице во состојба на социјален ризик (мајчинство, болест, старост, повреда и попреченост).

За заштита на ранливите потрошувачи предвидени се следните мерки: 

  • Директна финансиска поддршка на ранливи потрошувачи на енергија како паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во месеците од октомври до март.
  • Финансиска поддршка за лица со ниски примања доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа: за  самец до 15.194,00 денари; за домаќинство  со два члена до 18.000,00 денари; за домаќинство до три члена до 21.000,00 денари; за домаќинство со четири члена до 25.000,00 денари; и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 30.000,00 денари. Овие лица ќе го остварат правото по пат на јавен оглас кој ќе го објави Министерството за економија. 
  • Финансиската поддршка ќе се исплатува 12 месеци со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето. 

За спроведување на оваа Програма обезбедени се средства во износ од 60.000.000,00 денари и ќе се применува од 1 јануари 2022 година.

Промовирани огласи »

Цената на струјата како што објави регулаторна, официјално се зголеми за 9,48 проценти, но зголемувањето, реално е поголемо, затоа што се укинува дневна евтина тарифа. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски рече дека било неопходно таа да се укине.

Ако не се укинеше евтината дневна тарифа зголемувањето на цената на струјата ќе беше 14,23 проценти. Без евтината дневна тарифа, во просек, месечните сметки ќе се зголемат за 5 проценти. Но, тоа беше неопходно, затоа што за увоз на струја кога е дневната евтина тарифа се даваа големи пари – рече Бислимоски.

Тој рече дека ова е најтешката одлука што некогаш ја донела Регулкатрната комисија за енергетиката, дека компаниите кои учествуваат во формирањето на цената на струјата барале нејзино зголемување од 38 проценти, а дека Регулаторната комисија утврдила реална потреба од 25 проценти, но дека со тоа што сега не влегоа во цената обновливите извори на енергија, со намалување на профитите на МЕПСО и Електродистрибуција за 90 проценти и со други мерки, стигнале до износот од 9,48 проценти.

Промовирани огласи »

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски денеска соопшти дека струјата поскапува за 9,48 отсто. 

Вели дека станува збор за една од нajтешките одлуки што ја донесла РКЕ од своето постоење.

Реалното зголемување, како што кажав, ќе беше многу повеќе, но успеавме да скратиме многу трошоци и дополнително Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период, изјави Бислимовски.

Бислимовски кажа дека доколку не се тргнела дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе се зголемеше за 14,23 отсто.

Ноќната евтина тарифа и таа во недела остануваат на сила.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »