Цената на струјата како што објави регулаторна, официјално се зголеми за 9,48 проценти, но зголемувањето, реално е поголемо, затоа што се укинува дневна евтина тарифа. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски рече дека било неопходно таа да се укине.
Ако не се укинеше евтината дневна тарифа зголемувањето на цената на струјата ќе беше 14,23 проценти. Без евтината дневна тарифа, во просек, месечните сметки ќе се зголемат за 5 проценти. Но, тоа беше неопходно, затоа што за увоз на струја кога е дневната евтина тарифа се даваа големи пари – рече Бислимоски.
Тој рече дека ова е најтешката одлука што некогаш ја донела Регулкатрната комисија за енергетиката, дека компаниите кои учествуваат во формирањето на цената на струјата барале нејзино зголемување од 38 проценти, а дека Регулаторната комисија утврдила реална потреба од 25 проценти, но дека со тоа што сега не влегоа во цената обновливите извори на енергија, со намалување на профитите на МЕПСО и Електродистрибуција за 90 проценти и со други мерки, стигнале до износот од 9,48 проценти.