Промовирани огласи »

Нема поволни автомобили и чинат повеќе од било кога. Подобрување не е на повидок пред 2023 година. Таква е ситуацијата и во Македонија, но во германија половните автомобили станале ретка стока. Дојче веле пишува дека заменик-претседателот на Централната асоцијација на германската автомобилска трговија (ЗДК), Томас Пекрун вели оти во моментов има помалку користени автомобили од клиенти. Според Пекрун, цените се зголемени од пет до десет проценти. Има и понови половни автомобили кои чинат повеќе од истите нови автомобили, бидејќи испораката на нови во моментов е многу подолга.

Мартин Вајс кој работи за DAT, вели дека пазарот полудел, додавајќи дека половните автомобили се поскапи од кога било досега, дури 15 отсто повеќе. Тој наведува дека во некои случаи цената може да биде и повисока. Како прво, автомобилите со дизел мотори се многу поскапи отколку во првите години по скандалот со фалсификувани емисии

Експлозијата на цените беше предизвикана од пандемија и постојан недостиг на чипови за автомобилска електроника. Во 2020 година, поради пандемијата, регистрирани се помалку нови автомобили, од кои некои сега недостасуваат како половни автомобили.

Дополнително, компаниите за изнајмување автомобили моментално помалку инвестираат во возила кои по кратко време ќе бидат понудени на продажба. Намален е бројот на регистрации на нови автомобили кои дилерите ги прогласуваат за користени по само еден ден. Пекрун наведува дека едноставно има премалку автомобили на пазарот. Со оглед на тоа што дилерите една година чекаат нов автомобил поради недостиг на чипови, тие се повеќе посегнуваат по користени автомобили. Ова дополнително ја намалува понудата.

Тешко дека ситуацијата би можела да се подобри во 2022 година Ќе имаме зголемени цени на половните автомобили во 2022 година, предвидува Пекрун.

Промовирани огласи »

Законот за заштита од вознемирување на работно место е донесен во 2013 година. Три години подоцна, во 2016-та, донесена е и првата пресуда за психичко вознемирување на работно место. Во пресудата, судот наложува тужените да престанат со психичкото вознемирување на работното место на тужителот и да овозможат соодветно вреднување на неговата работа. Оттогаш, предмети по овој основ се заведени само во седум од вкупно 26 Основни судови на територијата на Република Северна Македонија.

Според информациите до кои дојде МИА преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во 26-те Основни судови на територијата на Република Северна Македонија, во изминатите пет години се заведени вкупно 70 предмети по основ Вознемирување на работно место. Од нив, како неосновани се одбиени 26 тужбени барања, додека, усвоени осум. Делумно усвоени се две барања, во тек се 19 предмети, еден е во прекин, а повлечени се 14 тужбени барања.

Промовирани огласи »

Над 46,4 милиони евра е годишниот приход од наплата на патарини на Јавното претпријатие за државни патишта во минатата година, што е за 2,8 милиони евра повеќе во однос на 2019, а за 12,1 милион евра повеќе во однос на 2020 година. Над 25 проценти од вкупните средства лани се остварени преку електронската наплата на Коридор 10. Годинава ЈПДП очекува приход од над 50 милиони евра, ставање во функција и на наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Скопје-Штип, како и електронски систем на наплата на постојните патарини на Коридор 8.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми во интервју за МИА вели дека наплатната служба при ЈПДП во 2021-ва иако беше година на пандемија и ограничени можности за непречен сообраќај меѓу државите оствари рекорден приход и историски успех во 35-годишното постоење. И покрај затворени гранични премини до втората половина на мај, посочува Рустеми, наплатната служба успеа одлично да ја организира и контролира работата и при тоа да оствари промет во 2021 година кој е за 36 проценти повеќе во споредба со 2020 година, а во однос на претходно рекордната 2019 година зголемувањето е за шест проценти.

Според досегашниот остварен годишен промет од наплата, зголемувањето е  над 170.000.000 денари (2,8 милиони евра) повеќе од 2019 година, додека во однос на 2020 година зголемувањето е за 747.583.000 денари (или 12.155 милиони евра) повеќе остварен промет од наплата на патарина. Во 2019 година вкупно беше остварен приход од 2.681.866.666 (или 43,6 милиони евра), додека во 2020 година остварениот приход изнесуваше 2.092.9818.055 денари (или 34.029.562 евра). Оваа календарска година приходот е 2.853.668.980 денари (или над 46,4милиони евра). Овие суми на приходи се однесуваат само за остварен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, а над 25 проценти од вкупно наплатени возила е остварен преку електронската наплата на Коридор 10, наведува Рустеми во интервјуто, што МИА ќе го објави дополнително.

Во голема мерка да се остварат овие резултати, како што вели, придонесе и Современиот мониторинг центар, кој е направен по европските стандарди за следење и организирање на работата.

Со оглед на постигнатите резултати во електронската наплата наш фокус годинава ќе биде продолжување на процесот на модерницазија на патарините. И оваа 2022 година во однос на наплатната служба имаме поставено високи цели, кои ќе станат реалност со отворањето на двете нови наплатни станици Преод и Кадрифаково, и се предвидува годишниот приход да биде над 50 милиони евра, а годинава ќе го воведеме електронскиот систем на наплата и на Коридорот 8, најавува директорот на ЈПДП.

Во тек е изработка на проектна документација за реконструкција и имплементација на електронски систем за наплата на постојните наплатни станици на Коридор 8. По целосно одобрување на проектната документација од надлежните органи и институции  Рустеми најавува дека ќе започне и реализацијата на терен. Се очекува модернизацијата  на наплатните станици на Коридор 8 да стартува по првиот квартал од годинава.

Имајќи ги во предвид временските прилики и сезоната кога градежните работи најчесто паузираат, посочува, завршувањето на изградбата и имплементацијата на електронскиот систем за наплата на наплатните станици Преод и Кадрифаково се очекува да заврши кон крајот на април годинава.

Зголемувањето на приходите значи и зголемување на инвестициите, зголемување на градбите, рехабилитациите, реконструкциите, изградба на нови патишта, доизградба на започнатите патишта, подобрување и подобро одржување на патната инфраструктура во држава со крајна цел сигурни и безбедни патишта за граѓаните, истакнува Рустеми.

Промовирани огласи »

Политичарите и пратениците на работниците им ја честитаа новата 2022 година со зголемена минимална плата и плати од 0 проценти, зголемена цена на електрична енергија за 9,48 отсто, зголемена цена на парно греењето за 14,05 отсто, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Затоа, додаваат, дошло времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница.

Бидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците, маркетите, пазарите, стујата, парното и се останато…

Им „заблагодаруваме” на сите политички партии и ненародните пратеници за се што дозволија и оставија да се зголеми пред Нова година освен минималната плата и сите останати плати на работниците!!!

Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници – пратеници!

Па затоа дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција“, се вели во соопштението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »