По подолго време повторно е пуштена во употреба Жичарницата на Водно.
Доколку сакате на уживате во убавините на Водно и да го погледнете Скопје од птичја перспектива, возењето со Жичарницата е одлична можност за тоа.
Жичарницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последен вторник во месецот, од 10 до 17 часот.
Повратен билет за возрасни чини 100 ден, а 50 денари е билет за деца, а деца до 6 год имаат право на бесплатен превоз.
Протоколот за користење на Жичарницата во услови на Ковид-19, меѓудругото, предвидува во кабина да се дозволи превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска.
Жичарницата се движи со брзина од 6 метри во секунда. Вкупниот капацитет на жичницата е 1160 патници на час.