Промовирани огласи »

Задолжителна вакцинација за сите постари од 50 години е воведена во Италија. 

Бројот на заразени расте и затоа е донесена оваа одлука. Целта е да се заштитат постарите 

„Сакаме да го запреме растот на инфекциите и да ги принудиме Италијанците кои се уште не се вакцинирани“, изјави премиерот Марио Драги на седницата на Владата во средата, пренесува АП.

Претходно во текот на денот, во Италија беа потврдени 189.000 заразени. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Скопје денеска е втор најзагаден град во светот, на листата на air visual. Пред него е само Дака во Бангладеш. 

Податоците од мерните станици за квалитет на воздух на Министерството за животна средина покажуваат дека Скопје и Кавадарци утрово се најзагадени градови во Македонија. 

Овие два града се обоени со виолотева боја што укажува на многу високо загаден воздух. Високо загаден е воздухот во Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево.  Струмица, Гевгелија, Кочани и Велес се со средно загаден воздух. 

Инаку, Струмица и Тетово два дена по ред имаа екстремно загаден воздух.

Промовирани огласи »

Пчелар од Охрид е осуден да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки, пишува СДК.МК.

Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.

Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.

„Ова е директен удар врз пчеларите“, велат од Здружението на пчелари Охрид.

Настанот се случил од 2014, а пресудата е донесена после 8 години, што за пчеларите од Охрид е уште една апсурдност покрај, како што ја нарекоа, смешната постапка.

„Со постапката докажаа дека сум осуден само поради тоа што сум поседувал возило со кое се транспортирани пчели, а ниту во еден случај при преселба пчелите не го напуштаат пчелното семејство. Ние како пчелари немаме влијание врз пчелите, но Судот го прифати целиот спор и потврди дека јас сум виновен“, вели Лазе Грозданов.

Апелација во Битола ја потврдила првичната пресуда и го доставила предметот на извршување во Охрид, каде се докажало дека пчелите биле од Грозданов и дека возилото со кое се пренесувале било негово. Со граѓанска тужба постапката продолжила за надомест на штета.

Судијата во Охрид наоѓа некое соломонско прифатливо решение и досудува казна од вкупно 15 илјади евра. Ова не смее да стане судска пракса. Бараме да знаеме на што сме. Ако Судот може да носи вакви одлуки против пчеларите, а за сообраќајна несреќа судат досудува оштета од 35 илјади денари, тогаш која е логиката, вели Грозданов.

Пчеларите од Охрид бараат Републичкиот судски совет и Министерството за правда да го преиспитаат конкретниот случај и да одговорат дали, како што велат, чувањето пчели преставува високоризична професија и дали со оваа пресуда пчеларите се категоризирани во групата убијци.

Благодарение на пчелите опстојува човечкиот род. После изумирање на пчелите човечкиот род има уште 4-5 години. Да не дозволиме вакви судски пресуди. Висината на казната нè карактеризира како убијци, велат пчеларите.

Грозданов вели дека пресудата ќе ја обжали и најави масовна поддршка од сите пчелари од државава.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон, (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од општина Зајас. 

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во земјава. Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика, се вели во соопштението од МЗ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »