Промовирани огласи »

Потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од снабдувачот со топлинска енергија може да поднесат приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која информира дека снабдувачот е должен и да ја прилагоди температурата доколку има поплаки од Управител односно од Заедница на сопственици и барање за повисока температура од минимум пропишаната.

Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1 Целзиусов степен во грејните простории во времето од 6 до 22 часот во текот на денот. Дополнително, согласно член 10 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, Управителот односно Заедницата на сопственици, поднесува писмено барање до снабдувачот за промена на режимот и нивото на испорака на топлинска енергија на мерното место. Снабдувачот е должен да постапи по барањето за температурниот режим на објектот што е доставено од Управителот односно Заедницата на сопственици, соопшти РКЕ.

По поплаките до снабдувачите, посочува Регулаторната комисија, екипи од снабдувачот мора да излезат на терен и да ја проверат фактичката состојба.

Потрошувачите не постојат за да ги финасираат снабдувачите, туку за да платат услуга која треба да им биде обезбедена, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Комисијата посочува и дека минатата година побарала да се направат измени во Законот за енергетика со кои ќе се зголемат ингеренциите и ќе се прецизираат надлежностите во однос на изрекување повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи доколку поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

Граѓани на Скопје, пред сè од Скопје Север и Топанско Поле во изминатите денови  реагираат зашто се оставени без парно или греењето им е многу слабо.

На нивните реакции вчера се огласи и Владата која ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје.

Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но, како што наведуваат, кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти.

Од Владата информираа  дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто.

Промовирани огласи »

Две забрани издал Државниот здравствен и санитарен инспекторат откако на 6 јануари изврши вонреден инспекциски надзор и утврди дека во казино во Дојран, се врши тестирање за Ковид. 

Според информациите на Телма забраните се за казиното ДТУ Кинг Еуропе, автомат клуб Подружница Стар Дојран и за ПЗУ Елимедика плус- Гевгелија. За казиното е донесено решение за забрана за вршење на здравствена дејност спротивно на прописите за здравствена заштита и забрана за употреба на објект (простор) без претходна согласност или одобрение од Министерството за здравство. 

Забрана има и за лабораторија ПЗУ Елимедика плус од Гевгелија што значи дека тие не смееле и не смеат да вршат ковид тестирања во рамки на казино за кое не постои одобрение за вршење на здравствена дејност.

Инаку при надзорот во казиното Кинг во Дојран е констатирано дека постои „импровизиран пункт“ лоциран на првиот спрат во административниот дел, а на таа просторија имало ознака „Covid test“. Во моментот на надзорот во просторијата затекнати биле три медицински лица во комплетна лична заштитна опрема. Во евиденцијата за тој ден биле евидентирани 7 тестирани лица.

Промовирани огласи »

Се огласи Васко Паскали кој во 2014 година бил нападнат додека се движел со сопругата и петмесечното бебе од рој пчели и за што Основниот суд во Охрид донесе пресуда според која пчеларот треба да плати оштета од 15.000 евра. Вели дека јавноста заслужува да ја знае вистината.

Имено со оглед на тоа дека судската разрешница за немилиот настан кој можеше да заврши трагично, кога на самиот булевар се истури рој пчели врз моето пет месечно бебе е после 8 години од слученото кривично дело, јасно е дека обвинетиот вршеше притисоци врз мене за да ја повлечам кривичната пријава, а исто така вршеше притисоци и на припадници на органите на прогон па поради таа причина е одолговлечена целата постапка. Воедно ја информирам јавноста дека не се работи за правосилна судска пресуда, туку за пресуда на Основниот суд во Охрид со редовен правен лек односно право на жалба до Апелациониот суд во Битола. Како што напоменав дека постапката сеуште нема правна завршница и дека без оглед на исходот од постапката досудениот износ за надомест на штета ќе биде дониран на здруженија на деца со ретки болести и посебни потреби, појаснува Паскали.

Според пресудата пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.

Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.

Промовирани огласи »

Емирати со седиште во Дубаи е прогласенa за најбезбедна авиокомпанија во светот, втора година последователно, според Центарот за евалуација на податоци за несреќи на авиони со седиште во Хамбург (JACDEC).

Со индекс на ризик од 95,05 отсто, Емирати ги победи своите најблиски ривали KLM (93,31 отсто), JetBlue (91,61 отсто), Делта (91,55 отсто) и easyJet (91,28 отсто) меѓу 25-те анкетирани авиокомпании. Истражувањето беше спроведено за авијацискиот магазин Aero International.

За прв пат, JACDEC објави и регионално рангирање, кое ги споредува најголемите светски авиокомпании во еден од четирите региони.

На регионално ниво, Емиратите се лизнаа зад Etihad Airways со седиште во Абу Даби, кој поради својата големина не се најде на глобалната листа.

Во Европа, KLM (93,31 проценти) го зазеде првото место, пред Finnair (93,16 проценти), Air Europa (93,12 проценти), Transavia (92,83 проценти), easyJet (91,28 проценти) и Norwegian (90,95 проценти).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »