Промовирани огласи »

Подобрувања, но и падови во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери во 2021 година. На овој начин Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја сумира нивната анализа за тоа колку јавните функционери и институции користеле социјални мрежи во 2021 година.

Во неа се посочува дека 115 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиум изминатата година. Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2020 година и изнесува 80 од вкупно 81.

Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2020 година и изнесува 80 од вкупно 81. Политичарите и јавните институции се присутни на социјалните медиуми само кога сакаат нешто да соопштат, да се одбранат или да нападнат, а мислењата од граѓаните речиси се неважни, велат од ИДУЕП.

Кога се работи за Собранието, анализата покажува пад за 2 на бројот на активни пратеници на Твитер, односно вкупно 24 пратеници биле активни на оваа социјална мрежа. На Фејсбук биле активни 115 од 120 пратеници. На Инстаграм пак, ситуацијата останува непроменета, односно само 35 пратеници биле активни на таа социјална мрежа.

„Анализата покажува дека вкупно 11 од 120 пратеници истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека 5 народни избраници немале свој профил/страна или канал на било кој од социјалните медиуми во 2021 година. Споредено со 2020 година, се бележи пад и во овој сегмент (15 биле активни на сите наведени платформи, а само 1 граѓаните не можеле да го контактираат преку Фејсбук, Твитер или Инстаграм)“, додаваат од ИДУЕП:

Претседателот на државата и во 2021 година, како и претходните две години бил истовремено присутен на неговата официјална веб-страница, како и на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

Кога се работи за градоначалници, ИДУЕП објаснува дека се забележува мал напредок на активното користење на социјалните медиуми кај единиците на локалната самоуправа. Од вкупно 81 градоначалник, 80 биле активни на Фејсбук минатата година, односно бројката е зголемена за 3 споредено со 2020 година.

На Твитер биле активни само 6 градоначалници, додека на Инстаграм бројот изнесувал 37.

Статистиката покажува дека вкупно 5 градоначалници минатата 2021 година истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, што е пад за 1 споредено со 2020 година. Во 2021 година само 1 градоначалник немал свое присуство на ниту еден од социјалните медиуми, што е подобрување споредено со 2020 година кога бројката била 3, а особено со 2019 година вкупно 7 градоначалници не биле активни на ниту една социјална платформа, додаваат од ИДУЕП.

Во однос на општините пак, сите имаат веб-страници, 60 од нив се присутни на Фејсбук, 4 на Твитер и 11 на Инстаграм.

Од ИДУЕП посочуваат дека за прв пат се анализира и активноста на општините на мрежата за видео објавени, при што било забележано дека 25 од вкупно 81 општина биле активни со свој Јутјуб канал.

Свое истовремено веб, како и присуство на социјалните медиуми (Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб) и оваа година имаат Градот Скопје и општина Карпош, додека, пак, во 21та година од 21 век, дури на 19 општини не можело да им се пристапи преку било која од овие социјални мрежи. Споредба со 2020 година: Активна веб страна имале 79 општини, 60 биле присутни на Фејсбук,
4 на Твитер, а 17 на Инстаграм, стои во анализата на ИДУЕП.

Раст на онлајн комуникацијата со граѓаните преку социјалните мрежи е забележан кај Владата. Па така, секој член на владиниот кабинет, односно 20 од вкупно 20 министри биле активни на Фејсбук минатата година. Активни на Твитер биле 16 министри, додека 15 на Инстаграм, што е раст за 1 споредено со 2020 година.

Истовремено активни на сите овие платформи биле 13 министри, што е подобрување за 3 споредено со 2020 година.

Трета година по ред, оваа Анализа ги опфаќа го онлајн присуството на министерствата и веб платформата на Владата. Свои официјални веб страни во 2020 година имале сите 17 институции, а сите 17 биле активни на Фејсбук, 8 на Твитер, а 5 присутни на Инстаграм. Новина е следењето за прв пат на активноста на владиниот кабинет на ЈуТјуб, каде во 2021 година биле присутни вкупно 5 од 17 министерства. Само Владата, Министерството за надворешни работи и Министерството за политички систем се истовремено активно присутни со веб платформа, како и со свои акаунти на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и ЈуТјуб. За прв пат нема случај кога некое министерство не нуди можност да биде контактирано од граѓаните преку социјалните медиуми, што претставува напредок споредено со 2020 година кога таква можност не нудеше 1 министерство, а особено со 2019 кога оваа опција не ја обезбедувале дури 5 министерства, велат од ИДУЕП.

Од ИДУЕП најавија дека по изборот на нова Влада, во текот на 2022 ќе изработат дополнителна анализа за степенот на користење на социјалните медиуми од новиот владин кабинет.

Промовирани огласи »

Капитални инвестиции во вредност од 10 милијарди и 885 милиони денари во делот на патната мрежа, железницата, гасификацијата и комуналната инфраструктура најавува Министерството за транспорт и врски за годинава. Планирани се активности за изградба на автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10 д, со 6,1 милијарда денари, интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и на експресните патишта, како и продолжување на изградбата на железницата кон Бугарија со 2,5 милијарди денари.

И за годинава се најавува интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проект на две влади, а за кој рокот за завршување повторно се пролонгира, овој пат до крајот на 2023 година.

Изградбата на автопатот, во должина од 57 километри, стартуваше во 2014 година во мандатот на претходната Влада. Требаше да биде готов до 2018 година, но по промената на власта, според образложението на надлежните институции, поради пропусти во проектирањето, со анекс на Договорот рокот беше продолжен 30 јуни 2021.

Од ресорот транспорт очекуваат дека со усвојувањето на законските измени за анексот за продолжување на изградбата, градежните работи ќе се засилат со потребната динамика. Веќе се одобрени 63 од вкупно 70 нови проекти за автопатот и се отстрануваат институционалните пречки. Реализирани се 62 проценти од работите, а седумгодишниот проект чини 598 милиони евра.

На автопатот Скопје-Блаце се очекува до средината на годинава да биде пуштена за сообраќај првата фаза од ГП „Блаце“ до село Блаце, во должина од два километри, како и да биде распишана постапката за избор на изведувач за втората фаза од село Блаце до аеродромот Стенковец. На првата делница се завршени 48 проценти од градежни работи, а во тек се активности за асфалтирање, ископи, канали и бетонирање на други објекти. Инвестицијата за првата делница изнесува 14,2 милиони евра. За втората, од село Блаце до клучката Стенковец, која е во должина од 10,5 километри, се најавува тендерска постапка за вториот квартал годинава. Се очекува во првиот квартал годинава да биде готов основниот проект и да бидат завршени и инфраструктурните проекти за да може да започне постапката за избор на изведувач. Проектот вкупно чини 120 милиони евра, обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ).

За наредниот период се очекуваат и конкретни чекори за реализација на најавата од Владата за изградба на три нови автопати со целосно променети постапки за избор на изведувач, односно без тендер, според меморандум потпишан со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Промовирани огласи »

Откупната цена на природниот гас на европскиот пазар порасна за повеќе од 200 отсто од почетокот на оваа година, најмногу поради тоа што залихите на природен гас се за четвртина пониски од петгодишниот просек. Аналитичарите велат дека овој енергенс допрва ќе поскапува, а исти се прогнозите и за растот на цените на струјата.  Додека има високи цени и за емисиите на CO2 на европскиот пазар, зголемена побарувачка за гас во Азија, особено ТНГ, како и руско-европските политички заплетки поврзани со пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 исто така ја билдаат цената.

Деновиве цената на природниот гас е над 140 евра за мегаватчас.Игор Грозданиќ, хрватски експерт и енергетичар за Индек.хрвели дека тешко дека гасот ќе оди под 100 евра за мегават час, а дека многумина кои се надеваат дека ќе падне под 60 евра за мегаватчас се лажат.

Сега цената е околу 140 евра.Значи поскапувањето е големо, но зборуваме за цената на индустрискиот гас. До април цената ќе биде како што е сега, а потоа ... Да речеме цените ќе бидат повисоки, а колку што ќе видиме никој нема кристална топка. Европа нема гас, не се наполнија складишта, а најголемиот проблем е што резервите на природен гас во земјите од Европската унија не се надополнуваат, вели тој.

Во Македонија проблемот со набавката на гасот резултираше и со поскапување на парното, деновиве и намалуивање на топлината во радијаторите. Струјата исто така поскапе.

Промовирани огласи »

Воспоставувањето на името на вашата компанија како старт-ап е предизвик. Вие сте слаби со буџетот, имате помалку или сте без ресурси и преплавени сте од постојано растечката пазарна конкуренција.

Значи, без разлика колку се одлични вашите услуги, колку се одлични и исплатливи вашите производи и колку е посветена вашата компанија, нема да донесе ништо добро додека не ја проширите вашата приказна јасно и гласно.

Но, како да го постигнете тоа? Па, развивањето на високо ефективни маркетинг стратегии е најдиректниот одговор на ова прашање. 

Бидејќи светот на маркетингот е толку полн со современи и ефективни техники за брендирање, разгласувањето на вашиот бизнис вербално изгледа како една од оние стари идеи што нема да функционираат во модерната маркетинг ера. 

За целосно искористување на оваа техника неопходно е да се изгради листа на лојални обожаватели кој целосно веруваат во вашите производи и услуги.

Објавувањето на релевантна содржина за вашата целна публика на социјалните медиуми и блоговите е еден од најефективните и докажани начини за зголемување на свесноста за брендот и генерално зголемување на ангажманот.

Но, сè уште не можеме да го игнорираме влијанието на офлајн маркетингот. На пример, можете да направите многу убаво креирани визит-картички и брошури и да им ги предадете на вашите потенцијални клиенти во различни можности за вмрежување. 

Покрај тоа,  промовирајте го вашиот бренд и производи на места каде што присуството на вашата целна публика е максимално.

Мора статистички да го анализирате секој дел од вашата стратегија и да откриете што функционирало, а што не. Ова ќе ви помогне да ја подобрите моментално ефективната стратегија и да ви каже каде треба да направите промени или што да избегнувате.

Деновиве тешко дека ќе најдете бизнис кој не користи е-пошта во својата маркетинг стратегија. Едноставно функционира. Околу 89% од маркетерите користат е-пошта како една од нивните основни алатки за генерирање на потенцијални клиенти до нивната веб-страница во 2021 година.

Одржувањето и развојот на бизнис како старт-ап е тешка работа. Потребно е многу посветеност, време и напор за споделување на центарот на вниманието со други брендови кои веќе доминираат на пазарот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »