Можноста да се зборува пред публика, независно дали пред тројца или пред триста луѓе, претставува шанса да ја пренесете вашата идеја, вашата порака, да го продадете вашиот бизнис, услуга или производ на таа публика. Сепак, една од најголемите препреки со кои се соочуваат луѓето, е стравот од ЈАВЕН НАСТАП.
Со бројни интервјуа за работа, групни состаноци, презентации, работилници и јавни настани, сè повеќе и повеќе луѓе ја разбираат важноста на развивањето добри комуникациски вештини во нивната компанија. Сепак, поголемиот дел од извршните директори и вработените продолжуваат да ја занемаруваат и не ја забележуваат користа на јавното говорење, оставајќи го напредокот и подобрите можности во кариерата на оние кои прават проактивни чекори оваа вештина да ја совладаат.
Вистината е, може да ги имате најдобрите производи или услуги, години искуство или брилијантна бизнис идеја, ако сето ова не го пренесете на целната публика, ја ограничувате вашата ефикасност и успешност. Многу често, најдобрите инспиративни приказни во организациите и компаниите остануваат некажани, поради колебливоста или стравот на тие луѓе да ја заземат сцената.
Независно дали вашата цел е подобрување на професионалниот развој, подигање на бизнисот на повисоко ниво, поттикнување и мотивирање на луѓето да ве следат, ќе треба да научите како да ги пренесете вашите идеи пред група луѓе, а тоа да биде јасно, структурирано и харизматично.
Уметноста на јавното говорење има многу предности кои одат подлабоко од само презентирање на проект или одржување успешен состанок.
Затоа, ја подготвивме за вас оваа обука за да добиете усовршување на самодовербата и процесот, за трајни позитивни ефекти и харизматични настапи.
Со примена на невро-биологија и лингвистика, НЛП модели и техники, како и основни правила од односите со јавноста (PR), преку упатства, насоки и практични вежби, по обуката, учесниците ќе бидат способни:
А) да се подготват за јавен настап со поголема леснотија, јасна намера и структура;
Б) да ги препознаваат своите внатрешни пречки и да ги отстранат, за да ја намалат тремата и нелагодноста;
В) полесно да настапат и на медиуми, како и да дадат кратка изјава ако им биде побарана без подготовка.
Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и оброци. Секој учесник добива:
- сертификат за учество,
- работни материјали
Групата е ограничена на 10 учесници.
Котизација: 4200 ден + ДДВ
Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А/2(позади Симпо на ул. Партизанска)
Агенда:
Сабота, 17.06 (10:00 – 16:00) – Вовед, клучни фактори и составни елементи. Подготовка.
Недела, 18.06 (10:00 – 16:00) – Појавност, визуелен дел, говор на телото, гласот. Практични вежби.
Пријавување до 14.06.2017, на:
[email protected], Ана Јорданоска: 070/ 944 179 и (02) 6 092 630
За тренерите:
1. Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука. Таа е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths методологија).
Таа е магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции, како што се McCann-Erickson, London School of Public Relations, сектор за комуникации на ООН и др. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, со цел нивно нивно растење и зголемување на нивните можности, работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси.
2. Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој е инженер по Електроника и телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија. Особено искуство има во областа на подготовка на поединци за водење и настапи на состаноци, преговори и презентации.