Промовирани огласи »

Можноста да се зборува пред публика, независно дали пред тројца или пред триста луѓе, претставува шанса да ја пренесете вашата идеја, вашата порака, да го продадете вашиот бизнис, услуга или производ на таа публика. Сепак, една од најголемите препреки со кои се соочуваат луѓето, е стравот од ЈАВЕН НАСТАП.
Со бројни интервјуа за работа, групни состаноци, презентации, работилници и јавни настани, сè повеќе и повеќе луѓе ја разбираат важноста на развивањето добри комуникациски вештини во нивната компанија. Сепак, поголемиот дел од извршните директори и вработените продолжуваат да ја занемаруваат и не ја забележуваат користа на јавното говорење, оставајќи го напредокот и подобрите можности во кариерата на оние кои прават проактивни чекори оваа вештина да ја совладаат.
Вистината е, може да ги имате најдобрите производи или услуги, години искуство или брилијантна бизнис идеја, ако сето ова не го пренесете на целната публика, ја ограничувате вашата ефикасност и успешност. Многу често, најдобрите инспиративни приказни во организациите и компаниите остануваат некажани, поради колебливоста или стравот на тие луѓе да ја заземат сцената.
Независно дали вашата цел е подобрување на професионалниот развој, подигање на бизнисот на повисоко ниво, поттикнување и мотивирање на луѓето да ве следат, ќе треба да научите како да ги пренесете вашите идеи пред група луѓе, а тоа да биде јасно, структурирано и харизматично.
Уметноста на јавното говорење има многу предности кои одат подлабоко од само презентирање на проект или одржување успешен состанок.
 
Затоа, ја подготвивме за вас оваа обука за да добиете усовршување на самодовербата и процесот, за трајни позитивни ефекти и харизматични настапи.

Со примена на невро-биологија и лингвистика, НЛП модели и техники, како и основни правила од односите со јавноста (PR), преку упатства, насоки и практични вежби, по обуката, учесниците ќе бидат способни:
А) да се подготват за јавен настап со поголема леснотија, јасна намера и структура;
Б) да ги препознаваат своите внатрешни пречки и да ги отстранат, за да ја намалат тремата и нелагодноста;
В) полесно да настапат и на медиуми, како и да дадат кратка изјава ако им биде побарана без подготовка.
 
Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и оброци.  Секој учесник добива:

  • сертификат за учество,
  • работни материјали

Групата е ограничена на 10 учесници.
Котизација: 4200 ден + ДДВ
Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А/2(позади Симпо на ул. Партизанска)
Агенда:
Сабота, 17.06 (10:00 – 16:00) – Вовед, клучни фактори и составни елементи. Подготовка.
Недела, 18.06 (10:00 – 16:00) – Појавност, визуелен дел, говор на телото, гласот. Практични вежби.
 
Пријавување до 14.06.2017, на: 
[email protected], Ана Јорданоска: 070/ 944 179 и (02) 6 092 630


За тренерите:
 

1.     Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука. Таа е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths методологија).
Таа е магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции, како што се McCann-Erickson, London School of Public Relations, сектор за комуникации на ООН и др. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, со цел нивно нивно растење и зголемување на нивните можности, работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси.

2.     Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој е инженер по Електроника и телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија. Особено искуство има во областа на подготовка на поединци за водење и настапи на состаноци, преговори и презентации.

Промовирани огласи »

Цените на недвижностите во Париз ова лето се чини дека ќе достигнат нови рекорди, со оглед дека купувачите, меѓу кои има многу Британци, се натпреваруваат околу купувањето  станови во најелитните делови на француската престолнина.

„Бројот на купувачи незапирливо расте. Побарувачката ја надмина понудата, особено за луксузни недвижности, можеби и заради Брегзит“, рече Тјери Делесал, кој е запознат со оваа проблематика.

Додека Италијанците се најголема група на странски купувачи на станови во Париз, со удел од 17 отсто во вкупниот број продадени недвижнини на не-Французите, Британците се пробиле на второ место со удел од двете отсто.

Веќе во првите три месеца оваа година цените на изградените станови во Париз пораснале 5,5 отсто на 8,45 илјади евра за метар квадратен, според проценката од извештајот на Комората на нотари на Париз и Ил-де Франс регионот.

Во јули цените би можеле дополнително да скокнат на 8,8 илјади евра за метар квадратен.

Претходниот рекорд во поглед на цените на станбените недвижнини во висина од 8,46 илјади евра за метар квадратен е забележан летото 2012 година.

Во градските квартови или арондисманите цените на становите надминуваат и преку 11.000 евра за квадрат.

Промовирани огласи »

Една од главните одлики на новите милионери кои стигнуваат до поголема сума на пари е да инвестираат во приватен авион за полесно да ги извршуваат бизнис активностите и патувањата во странство со нивните партнери, но и да ги користат за брзи „бегства“ на краток одмор или посета на некоја луксузна локација.

Затоа се препорачува леталото Cirrus Vision кое чини само 2 милиони долари. Ова е меѓу најниските суми кои може да ги платите за приватен авион во кој може да се сместат 5 возрасни патници и 2 деца. 

Предноста на Cirrus Vision е тоа што има и вграден падобран во случај ако дојде до откажување на моторите или до некој посериозен механички проблем со што значително ќе се ублажи падот, а поради малата тежина на авионот принудното слетување ќе се изврши многу побезбедно. 

Исто така авионот на Cirrus има мала потрошувачка на гориво што го прави многу подостапен за новопечените богаташи.

Промовирани огласи »

Стапката на невработеност, во Германија во мај падна на 5,7 отсто, што е најниско ниво од повторното обединување на земјата, кое се случи во 1994 година. Тоа ја потврдува стабилноста  и економскиот раст на најголемата економија во Европа, се наведува денеска во објавениот извештај.

Агенцијата за вработување соопшти дека податоците за невработеност сезонски се прилагодени.

Во соопштението, Агенцијата наведува дека стапката на невработеност во април е со пресметаната сезонска варијација и беше 5,8 проценти, а тоа е на исто ниво како и во март.

Во услови на поволна економска средина продолжува да расте невработеноста и таа падна во мај. Вработување е се посилно, а побарувачката за работна рака остана на исто ниво, рече директорот на Агенцијата Детлеф Шеле.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »