Промовирани огласи »

Стапката на невработеност, во Германија во мај падна на 5,7 отсто, што е најниско ниво од повторното обединување на земјата, кое се случи во 1994 година. Тоа ја потврдува стабилноста  и економскиот раст на најголемата економија во Европа, се наведува денеска во објавениот извештај.

Агенцијата за вработување соопшти дека податоците за невработеност сезонски се прилагодени.

Во соопштението, Агенцијата наведува дека стапката на невработеност во април е со пресметаната сезонска варијација и беше 5,8 проценти, а тоа е на исто ниво како и во март.

Во услови на поволна економска средина продолжува да расте невработеноста и таа падна во мај. Вработување е се посилно, а побарувачката за работна рака остана на исто ниво, рече директорот на Агенцијата Детлеф Шеле.

Промовирани огласи »

Речиси 70 милиони евра ќе донира Швајцарија за Македонија во следните 4 години. Парите ќе бидат доделени на институциите и невладините организации кои ќе аплицираат со проекти од областа на економијата, демократското владеење како и животната средина. Од Амбасадата информираат дека  годишниот износ на грантови е 17 милиони евра а само за вработување и економски развој  се обезбедени 20 милиони евра.

- Со швајцарска помош во следните 4 години се очекува да се отворат нови 4 400 работни места како и да се подобри состојбата со водоснабдувањето на дополнителни 115 000 жители во земјава. 

Во реализацијата ќе можат да се вклучат и заинтересираните микро мали и средни претпријатија. Фокусот ќе биде ставен на вработување на младите и социјално исклучените групи. Ќе се работи и на подобрување на квалитетот на јавните услуги и поефикасно управување со природните ресурси.

Особено внимание ќе им посветиме на потребите на најранливите групи граѓани во Македонија затоа што нема вистински просперитет на општество кое што не е инклузивно. Ќе им помогнеме на стручните училишта  во нивната поддршна на младите работници да стекнат вештини кои се потребни во приватниот сектор. Трет пример на проект кој ќе се реализира е помагање на општините да изработат планови за управување со цврст отпад и намалување на ризици од катастрофи, истакна амбасадорката Сутер.

Швајцарија е еден од најголемите билатерални партнери на земјава. Со претходната стратегија за соработка биле отворени околу 2 000 работни места.

Промовирани огласи »

Сакале или не, парите се важен дел од нашето секојдневие и во секој момент се е поврзано токму со нив.

Дали да го купам ова, колку ќе ме чини, дали можам да најдам поефтино за тој квалитет? Колку пари имам до крајот на месецот? Дали ја платив сметката за струја и телефон овој месец?

Погледнете што е BitCoin и дали еден ден сепак целосно ќе ги замени денешните пари.

Промовирани огласи »

Во модерниот свет, задржувањето на вниманието кај купувачите е нешто на што поголемиот дел од компаниите се фокусираат и прават се за да придобијат поголем дел од пазарот во секој момент.

Сепак, истражувањето покажува дека психологијата е клучна наука со која треба да се внимаваат компаниите за да можат не само да бидат во однос со потрошувачот, туку и да останат поврзани во подолг период

Издвоивме клучни линии кои ќе ве водат до ваквиот успех:

  • Испорачајте навистина исклучително доживување за секој ваш купувач.
  • Испорачајте и повеќе од онаа што сте го ветиле на секој ваш купувач.
  • Постојано се наоѓате во контакт со секој ваш купувач.
  • Навистина вредите повеќе одколку што вашите купувачи треба да ви платат.
  • Вашите купувачи знаат за вашата вредност и вредноста што тие ќе ја добијат доколку работат со вас и вашиот бизнис.
  • Бидете човек од доверба и направете вашите купувачи да му веруваат на вашиот бизнис.
  • Помогнете му на вашиот купувач без разлика дали тој купува или не купува во моментот.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »