Коосновачот на „Android“, Енди Рубин се подготвува за официјалното пуштање на смартфонот на неговата нова компанија – „Essential“, пишува „The Verge“.
Компанијата објави твитови, во кој се наведува дека „се поставува нешто големо“ на 30-ти мај, а самиот Рубин додаде дека тој и неговиот тим се „речиси подготвени да го споделат со сите тоа што го подготвуваат“.
Рубин треба да зборува на конференција на „Recode“ на истиот датум.
Пред два месеца тој даде сосема лесни насоки за телефон кој има исклучително минималистичка рамка и е со заоблени рабови на панелот, слично на „Samsung Galaxy S8“ и „LG G6“.
Ерик Шмит подоцна потврди дека уредот ќе работи со „Android“. Твитовите на Рубин се објавени од Купертино, Калифорнија, каде е домот на „Apple“, а не од канцелариите на „Essential“ во Пало Алто.
Од компанијата открија уште дека новиот уред ќе има 360-степена камера.