Промовирани огласи »

Општина Тетово информира дека од денеска почнува да се наплаќа зголемен износ доколку неправилно паркирано возило биде подигнато од „пајак” – службата, а за две недели ќе биде поскапо и зонското паркирање.

-Казната за подигнување на возилото со „пајак” ќе биде 1.300 денари, додека за преместено возило 1.800 денари. Ве молиме за разбирање и истовремено ве замолуваме да се придржувате на сообраќајните правила како би придонеле заеднички да делуваме за зачувување на редот и мирот на сообраќајниот хаос во градот, велат од Општина Тетово.

Од 28 јануари ќе почне да важи Одлуката на Советот за повисоки цени за зонско паркирање. Цена за зона А ќе биде 40 денари за еден час, додека во зона Б 30 денари. Во затворените паркинзи годишна карта ќе изнесува 3.000 денари.

Информационите табли се во изработка, истите ќе бидат поставени кога ќе се подобрат временските услови за нивна целосна замена, соопштија од Општина Тетово.

Градоначалникот Биљал Касами вчера на прес-конференција презентираше план за проширување и зголемување на паркинг местата во градот. Се планираат повеќе места за зонско паркирање, нови затворени паркинзи и катни гаражи.

Промовирани огласи »

Согласно јавниот повик од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи во период од 12 меесеци. За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари.

На сајтот на Министерството за економија објавен е јавниот оглас за финансиска поддршка за лицата со ниски примања за плаќање на сметките за струја.

Доделувањето на финансиска поддршка е за лицата со ниски примања во 2022 година, чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:

самец до 15.194 денари; домаќинство со два члена до 18.000 денари; домаќинство со три члена до 21.000 денари; домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.

Заинтересираните лица ќе треба да испратат барање за искористување на финансиската поддршка, кое може да се обезбеди на интернет страната на Министерството за економија или да се подигне во архивата на ова министерство.

Покрај барањето, граѓаните ќе треба да достават изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна, како и потврда од работодавецот за висината на исплатена плата во 2021 година или извештај од банка за уплатени пензиски примања од Фонд за ПИОМ (чек за пензиски примања) за висината на исплатената пензија во 2021 година и извод од банка за сите трансакциски сметки за 2021 година за подносителот и на членовите на домаќинството.

Воедно, треба да се поднесе и потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со која се докажува дека членовите на домаќинството не се вработени, доколку истите не се вработени и/или потврда од Фонд за ПИОМ дека членот на домаќинството не е примател на пензија, доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или пос*ртница за член од домаќинството) и фотокопија од последната добиена сметка за 2021 година за потрошена електрична енергија во домаќинството.

Лицата со ниски примања кои живеат сами доставуваат изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна.

Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.

Промовирани огласи »

Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа функција.

Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем. Тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат, Владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе, истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.

Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласува дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси. Ставени се на располагање сите капацитети, вклучени се ТЕЦ Неготино со два котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве, како што најави, ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола.

 

Промовирани огласи »

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска изјави дека Владата во координација со сите институции им предложи на сите компании кои имаат лиценца за снабдување со топлинска енергија, разликата од актуелната до реалната цена, да ја покрие  од буџетот. 

Владата во име на потрошувачите средставата ќе ги уплати на БЕГ, а домаќинствата нема да добијат повисоки сметки за топлинска енергија. Бектеши ги повика Град Скопје и општините да се вклучат за помош, и да се ублажи притисокот кој го имаат компаниите.  Министерот кажа дека 80 отсто ќе покрие Владата. Спомена сума од 5 милиони евра која ќе биде на товар на Владата, а општините ќе покријат милион евра. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »