Промовирани огласи »

Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа функција.

Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем. Тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат, Владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе, истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.

Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласува дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси. Ставени се на располагање сите капацитети, вклучени се ТЕЦ Неготино со два котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве, како што најави, ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола.

 

Промовирани огласи »

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска изјави дека Владата во координација со сите институции им предложи на сите компании кои имаат лиценца за снабдување со топлинска енергија, разликата од актуелната до реалната цена, да ја покрие  од буџетот. 

Владата во име на потрошувачите средставата ќе ги уплати на БЕГ, а домаќинствата нема да добијат повисоки сметки за топлинска енергија. Бектеши ги повика Град Скопје и општините да се вклучат за помош, и да се ублажи притисокот кој го имаат компаниите.  Министерот кажа дека 80 отсто ќе покрие Владата. Спомена сума од 5 милиони евра која ќе биде на товар на Владата, а општините ќе покријат милион евра. 

Промовирани огласи »

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.Согласно јавниот повик од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи во период од 12 меесеци.

За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари.Финансиска поддршка ќе добијат домаќинствата чии редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за: самец до 15.194 денари; домаќинство со два члена до 18.000 денари; домаќинство со три члена до 21.000 денари, домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.
Јавниот повик и потребната документација може да се најде на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/3070
 

Промовирани огласи »

Секоја канцеларија има различни типови на луѓе, а секоја личност носи нешто вредно на масата. Значи, без разлика кои се ликовите во вашиот тим, како менаџер, од клучно значење е да разберете како ефективно да управувате со нив.

Еве 6 типа на вработени и како менаџерите можат да помогнат за да ја направат својата најдобра работа:

Лидер - Тие се подготвени да предводат сè! Тие се остри и мотивирани и преземаат иницијатива.

Интроверт - Тие ја сакаат работата што ја работат и се добри во тоа. Тие ги постигнуваат своите цели и придонесуваат за растот на компанијата... но тие се многу срамежливи. 

Надзорник - Тие се темелни и одговорни со добро развиена способност да се концентрираат. 

Неодамна дипломиран - Ова е нивна прва работа. Тие се ентузијасти и остри, но имаат многу да научат за професионалниот свет и индустријата. Тие веројатно ќе направат многу грешки, но тие се отворени за повратни информации и подготвени да учат.

Критичар - Тие не се критични кон своите соработници; тие се само неверојатно груби кон себе. 

Прокрастинаторот - Тие се борат ефикасно да управуваат со своето време, честопати оставајќи ги проектите до последен момент, а потоа се натрупани да ги постигнат роковите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »