Промовирани огласи »

Омикрон е опасен сој на коронавирусот. Се шири со брзина каква што светот досега не видел, велат од Светската здравствена организација(СЗО). 

Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска предупреди дека овој сој е опасен. 

Вели дека иако има благи симптоми, тој останува опасен вирус, особено за оние кои не се вакцинирани. 

Поголемото пренесување на вирусот значи и повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи, повеќе луѓе неспособни за работа, вклучувајќи ги и наставниците и здравствените работници. Исто така, постои опасност од нов сој што може да биде попренослив и смртоносен од омикронот, изјави генералниот секретар на СЗО.

Мајкл Рајан, директорот за Европа на СЗО, на истата прес-конференција изјави дека коронавирусот „не е лесна болест“, туку болест што може да се спречи со вакцини.

Омикрон доминира и во соседството. Тој се појави лани во Јужна Африка и потоа се прошири во целиот свет. 

Во светот досега од коронавирусот починаа над 5.5 милиони луѓе. 

Промовирани огласи »

Со месеци наназад на големо се зборува и пишува за зголемувањето на цените на производите и услугите во нашата земја, но доказ се статистичките податоци кои покажуваат колку навистина поскапел животот во Македонија.

Маслото за јадење „скокнало“ за 25 проценти во декември 2021 споредбено со декември 2020 година. Според Државниот завод за статистика, лебот и шеќерот пак поскапеле за 9,3 отсто, овошјето и зеленчукот за 6,5%, додека месото за 5,7 проценти за една година.

ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДИ ВО ДЕКЕМВРИ 2021 СПОРЕДЕНО СО ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА: МАСЛО +25,1%, ЛЕБ +9,3%, ШЕЌЕР +9,3%, ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК +6,5% и МЕСО +5,7%.

Промовирани огласи »

Обично слушаме за баратели на работа кои лажат за време на процесот на вработување. Всушност, истражувањето на една компанија  откри дека 78% од кандидатите се претставиле погрешно. Сепак, како што можеме да видиме, некои работодавци се подготвени да го сторат истото.

Земете го за пример вработениот кој при потрага на работа, голем фактор за него била можноста за работа од дома, што со оглед на моменталната состојба во јавното здравство е прилично разбирливо. Така, кога тој добил понуда за работи од далечина , тој со задоволство ја прифатил.

Но, на неговиот прв ден, тој дознал дека дефиницијата на компанијата и неговата дефиниција за „работа од дома“ е многу различна. Откако тој го известил шефот дека ќе работи од дома, а не од канцеларија, шефот започнал да му ги набројува условите за работа кои не вклучувале работа од дома, по што вработениот решил да даде отказ веднаш.

Ако вашата работа се покаже дека не е она што ви било ветено, треба да почекате додека не се оладат вашите емоции, а потоа да соберете повеќе информации поставувајќи му прашања на вашиот менаџер како: „Дали се согласувате дека ова е различно од очекувањата поставени со мене пред да ја преземам оваа улога?“ и „Кога ви треба да ја направам оваа промена и колку долго?“

Промовирани огласи »

Директорот на ЈСП Скопје, Иван Илиевски во текот на вчерашниот ден информираше повеќе за новиот хартиен билет, кој во текот на месецов треба да биде во употреба за граѓаните.

Со новиот хартиен билет, кој ќе се продава во билетарниците, ќе биде даден на користење и на хотелите, туристичките агенции и ќе си најде широка примена во градот. Ќе важи од 5 часот наутро до 12 часот на полноќ и ќе биде неограничен, односно ќе важи за сите линии. Неговата цена ќе биде 120 денари, изјави Илиевски во емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, оваа цена е поевтинување од претходниот електронски билет кој можеше да се користи преку електронски паричник и чинеше 270 денари.

Станува збор за билет за повеќекратно користење во текот на денот што значи поевтинување на превозот за оние кои имаат потреба од негово користење – информираат од ЈСП.

Ова значи дека со користењето на овој хартиен билет цената на возење ќе поевтини околу сто проценти. Овој билет е наменет за сите граѓани и за луѓето од внатрешноста кои не користат „Скопска“ електронска картичка, посочи Илиевски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »