Цената или бројот на пари кои треба да ги употребиме за да купиме нешто, е многу важен сегмент од живеењето на секој човек.
Исто така, цените имаат голема улога во секој бизнис. Но, исто така може да претставуваат и основа за многу грешки
Како да знате дека сте одредиле вистинска цена за вашата услуга или производ?
Оваа прашање е едно од омилените на претприемачите и тие секојдневно размислуваат за ова. Во последно време, ситуацијата е не предвидлива и многу луѓе не знаат со колку пари располагаат во текот на месецот и во споредба со минатото постојано размислуваат за тоа колку ќе потрошат или заштедат.
Секако, тука се и конкурентите кои се главен репер за оформување на цените на пазарот.
Експертите предупредувааат, дека цената не е единствениот параметар по кој се водат потрошувачите и дека потрошувачката може да биде намалена или зголемена и заради други аспекти. Можеби има нов производ со поголема вредност, можеби се појавила поиновативна компанија на пазарот која започнува да зема дел од колачот, може да биде слабиот маркетинг, продажен тим кој не е на ниво на задачите или пак нешто друго.
Одбивање на купување од страна на купувачот може да не биде цената. На пример, купувачот одбива да купи доколку смета дека производот не му треба, дека нема да му ги реши проблемите, доколку не е сигурен за она што ќе го добие и така натаму.
Цените на конкуренцијата не смеат да бидат основа за компарирање и утврдување на вашите цени. Помала цена, може да перцепира и помала вредност па затоа претприемач
Според експертите ова се најважните сегменти како да оформите вистинска цена:
- Бидете сигурни за вредноста што ја нудите.
- Пред да започнете да дискутирате за цената проценете ја вредноста на понудата.
- Добро утврдете ја вашата понуда и вредноста на истата.
- Разговарајте со купувачите, за тоа што тие го сакаат, што вреднуваат и како вашата понуда им помага во нивниот живот.
- Фокусирајте се на резултатите од вашите напори.
- Бидете сигурни дека не губите со одлуките кои ги носите во однос на цените.
- Цените се под влијание на многу повеќе фактори отколку што можете да замислите. Добро истражете ги сите тие фактори и опции кои ги имате.