Промовирани огласи »

Македонската асоцијација за човечки ресурси го прогласи Стефан Јовановски од Вип за најдобар менаџер за човечки ресурси за 2016 година. Во истражувањето што го спроведува македонската асоцијација за човечки ресурси, менаџерот на Вип е прогласен за најдобар во конкуренција на голем број домашни компании.

Според асоцијацијата, Јовановски својата 20 годишна кариера ја градел постепено, соочувајќи се со низа предизвици особено минатите години откако стапи спојувањето на трите компании и нивните професионални кадри. Оценет е како менаџер кој во овој период успеал да одржи работна атмосфера и да креира мотивирачка работна средина за вработените.  

Голема чест, но уште поголема одговорност е да се носи титулата најдобар менаџер за човечки ресурси особено пред моите илјада колеги за кои безрезервно тврдам дека се едни од најдобрите на пазарот на труд во Македонија. Без нив и особено моите колеги во одделот немаше да успееме во моментите кога навистина притисокот беше голем и да продолжиме со квалитетна работа на телекомуникацискиот пазар во што и успеавме. Продолжуваме да го следиме чекорот со трендовите и да ги применуваме најсовремените алатки за управување со човечки ресурси во нашата компанија, изјави Стефан Јовановски, менаџер за човечки ресурси во Вип.

Оваа награда е уште една потврда за стратегијата на Вип да ја негува корпоративната култура која се потпира на почитување на тимот и тимските вредности како основа во секоја сфера на работењето. Професионализмот и трудот кој вработените го вложуваат во секојдневното извршување на обврските ја подигаат вредноста на компанијата што секако е препознаено и од пошироката јавност. Инвестициите во развојот на човечкиот капитал останува наша заложба и во иднина водени од фактот дека компанијата се луѓето односно нејзините вработени, изјави Димитар Ковачевски Извршен директор на Вип.

Наградата за најдобар менаџер за човечки ресурси се доделува секоја година во рамките на меѓународната конференција за човечки ресурси.

Промовирани огласи »

Министерството за финансии денеска на сметките на 301.660 пензионери исплати 4 милијарди 174 милиони денари пензија за месец мај.

Од Министерството за финансии информират дека денеска се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните 5 месеци во висина 118,2 милиони денари.

Исто така, денеска Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување на говеда 100 милиони денари, за одгледување на овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари.

Промовирани огласи »

Можноста да се зборува пред публика, независно дали пред тројца или пред триста луѓе, претставува шанса да ја пренесете вашата идеја, вашата порака, да го продадете вашиот бизнис, услуга или производ на таа публика. Сепак, една од најголемите препреки со кои се соочуваат луѓето, е стравот од ЈАВЕН НАСТАП.
Со бројни интервјуа за работа, групни состаноци, презентации, работилници и јавни настани, сè повеќе и повеќе луѓе ја разбираат важноста на развивањето добри комуникациски вештини во нивната компанија. Сепак, поголемиот дел од извршните директори и вработените продолжуваат да ја занемаруваат и не ја забележуваат користа на јавното говорење, оставајќи го напредокот и подобрите можности во кариерата на оние кои прават проактивни чекори оваа вештина да ја совладаат.
Вистината е, може да ги имате најдобрите производи или услуги, години искуство или брилијантна бизнис идеја, ако сето ова не го пренесете на целната публика, ја ограничувате вашата ефикасност и успешност. Многу често, најдобрите инспиративни приказни во организациите и компаниите остануваат некажани, поради колебливоста или стравот на тие луѓе да ја заземат сцената.
Независно дали вашата цел е подобрување на професионалниот развој, подигање на бизнисот на повисоко ниво, поттикнување и мотивирање на луѓето да ве следат, ќе треба да научите како да ги пренесете вашите идеи пред група луѓе, а тоа да биде јасно, структурирано и харизматично.
Уметноста на јавното говорење има многу предности кои одат подлабоко од само презентирање на проект или одржување успешен состанок.
 
Затоа, ја подготвивме за вас оваа обука за да добиете усовршување на самодовербата и процесот, за трајни позитивни ефекти и харизматични настапи.

Со примена на невро-биологија и лингвистика, НЛП модели и техники, како и основни правила од односите со јавноста (PR), преку упатства, насоки и практични вежби, по обуката, учесниците ќе бидат способни:
А) да се подготват за јавен настап со поголема леснотија, јасна намера и структура;
Б) да ги препознаваат своите внатрешни пречки и да ги отстранат, за да ја намалат тремата и нелагодноста;
В) полесно да настапат и на медиуми, како и да дадат кратка изјава ако им биде побарана без подготовка.
 
Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и оброци.  Секој учесник добива:

  • сертификат за учество,
  • работни материјали

Групата е ограничена на 10 учесници.
Котизација: 4200 ден + ДДВ
Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А/2(позади Симпо на ул. Партизанска)
Агенда:
Сабота, 17.06 (10:00 – 16:00) – Вовед, клучни фактори и составни елементи. Подготовка.
Недела, 18.06 (10:00 – 16:00) – Појавност, визуелен дел, говор на телото, гласот. Практични вежби.
 
Пријавување до 14.06.2017, на: 
[email protected], Ана Јорданоска: 070/ 944 179 и (02) 6 092 630


За тренерите:
 

1.     Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука. Таа е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths методологија).
Таа е магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции, како што се McCann-Erickson, London School of Public Relations, сектор за комуникации на ООН и др. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, со цел нивно нивно растење и зголемување на нивните можности, работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси.

2.     Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој е инженер по Електроника и телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија. Особено искуство има во областа на подготовка на поединци за водење и настапи на состаноци, преговори и презентации.

Промовирани огласи »

Цените на недвижностите во Париз ова лето се чини дека ќе достигнат нови рекорди, со оглед дека купувачите, меѓу кои има многу Британци, се натпреваруваат околу купувањето  станови во најелитните делови на француската престолнина.

„Бројот на купувачи незапирливо расте. Побарувачката ја надмина понудата, особено за луксузни недвижности, можеби и заради Брегзит“, рече Тјери Делесал, кој е запознат со оваа проблематика.

Додека Италијанците се најголема група на странски купувачи на станови во Париз, со удел од 17 отсто во вкупниот број продадени недвижнини на не-Французите, Британците се пробиле на второ место со удел од двете отсто.

Веќе во првите три месеца оваа година цените на изградените станови во Париз пораснале 5,5 отсто на 8,45 илјади евра за метар квадратен, според проценката од извештајот на Комората на нотари на Париз и Ил-де Франс регионот.

Во јули цените би можеле дополнително да скокнат на 8,8 илјади евра за метар квадратен.

Претходниот рекорд во поглед на цените на станбените недвижнини во висина од 8,46 илјади евра за метар квадратен е забележан летото 2012 година.

Во градските квартови или арондисманите цените на становите надминуваат и преку 11.000 евра за квадрат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »