Промовирани огласи »

Лекарите ја поздравија одлуката за намалување на периодот на изолација на асимтоматските позитивни пациенти од 10 на 7 денови. Во вечерашната Топ Тема д-р Нико Беќаровски рече дека покрај намалувањето на периодот на изолација за асимптоматските случаи, истото треба да се направи и кај пациентите кои имаат симптоми, затоа што здравството, но и стопантсвото веќе се исцрпени.

КОНКРЕТНО КАЈ МЕНЕ НА КЛИНИКА ЕДНА ТРЕТИНА ОД ВРАБОТЕНИТЕ СЕ ВЕЌЕ ВОН СТРОЈ ПОРАДИ ОВИЕ МЕРКИ, КОИ ШТО ГИ ТЕРААТ НЕСИМПТОМАТСКИТЕ 10 ДЕНА ДА СЕ ИЗОЛИРААТ. ДОБРО Е ШТО СЕ ПРЕКИНУВА, НО МОЖЕ ДА СЕ РАЗМИСЛИ И КАЈ СИМТОМАТСКТИТЕ ЗАТОА ШТО СИТЕ КОИ ШТО РАБОТИМЕ СО ПОЗИТИВНИ АЦИЕНТИ ГЛЕДАМЕ ДЕКА КАЈ ОМИКРОНОТ ИДЕ БУРНО СЛИКАТА, МЕЃУТОА МНОГУ БРЗО ЗАВРШУВА. ТРЕТИОТ, ЧЕТВРТИОТ ДЕН ТИЕ ШТО ИМАЛЕ ПОКАЧЕНА ТЕМЕПРАТУРА, ТЕЧЕЊЕ НА НОС, ВЕЌЕ СЕ МНОГУ ПОДОБРИ, РЕЧЕ БЕЌАРОВСКИ.

Покрај тоа, лекарите посочуваат дека треба да почне да се размислува и за укинување на сертификатите, кои според нив веќе ја губат смислата за нивното постоење.

СЕГА СМЕ ВО ДРУГА ЕДНА РЕАЛНОСТ ЗА РАЗЛИКА ОД ПРЕД 2 МЕСЕЦИ. СЕГА ВЕЌЕ И ИМУНИЗИРАН ЧОВЕК, И ПРЕЛЕЖАН МОЖЕ ПОВТОРНО ДА СЕ ЗАРАЗИ. ЛОГИКАТА ДА СЕ БАРААТ СЕРТИФИКАТИ И ДА СЕ ОГРАНИЧУВА ПРАВОТО НА ДВИЖЕЊЕ, НЕ Е ВЕЌЕ ИСТАТА. МОРА ДА ИМАМЕ ПРЕДВИД ДЕКА СЕРТИФИКАТИТЕ ГИ ВОВЕДОВМЕ СО ИДЕЈА ДА СТИМУЛИРАМЕ ИМУНИЗАЦИЈА. МИСЛАМ ДЕКА ТАА МЕРКА БЕШЕ НАЈЕФИКАСНА МЕРКА ЗА ЗАСИЛУВАЊЕ, ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ИМУНИЗАЦИЈАТА. НО АКО ВО МОМЕНТОВ ТОА ВЕЌЕ НЕ ВРОДУВА СО ПЛОД, ТРЕБА ДА ПОЧНЕМЕ ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИТЕ, РЕЧЕ ПЕТЛИЧКОВСКИ.

Беќаровски вели дека од самиот почеток контролата на сертификатите кај нас беше многу лабава и никој вистински не ја утврдуваше валидноста на сертификатите.

ОДГОВОРНО ТВРДАМ ДЕКА КАЈ НАС ВЕЌЕ СЕКОЈ ИМА СЕРТИФИКАТ А РЕТКО КОЈ Е КОНТРОЛИРАН. МЛАДИВЕ НИ СЕ СИТЕ ПО КАФУЛИЊАТА НАВЕЧЕР А НИКОЈ НЕ КОНТРОЛИРА. РЕАЛНО ОД МЛАДИВЕ, ЗНАЕМЕ 20 ПРОЦЕНТИ ИЛИ КОЛКУ НИ Е ИМУНИЗАЦИЈАТА. ВЕЌЕ СЕРТИФИКАТОТ НАВИСТИНА ИЗГУБИ БИЛО КАКВА СМИСЛА И ПО МОЕ ДЛАБОКО УБЕДУВАЊЕ МИСЛАМ ШТО ПОБРЗО, БАРЕМ ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ТРГНЕМЕ, РЕЧЕ БЕЌАРОВСКИ.

Лекарите исто така препорачуваат граѓаните да не подлегнуваат на паника и да не инсистираат на правење на клинички испитувања по секоја цена, затоа што нема вистинска потреба.

ДА ГО СМИРИМЕ НАРОДОТ, ДА ИМ КАЖЕМЕ ДЕКА КАЈ 99,9 ПРОЦЕНТИ ОВА ЌЕ ПОМИНЕ КАКО ШТО ПОМИНУВАЛЕ ДО СЕГА ГРИПОВИТЕ. КОГА ИМАШЕ ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ ПО 30.000, 40.000 ГРИПОЗНИ НЕ ПРАВЕВМЕ НИ 2.000 АНАЛИЗИ. ЗА РЕНТГЕН НА БЕЛИ ДРОБОВИ И ДА НЕ ЗБОРУВАМ, САМО ТИЕ ШТО ЗАВРШУВАА НА ИНФЕКТИВНА. СЕГА СЕ ИНСИСТИРА УШТЕ ПРВИОТ ДЕН ЛАБОРАТОРИЈА, БЕЗ НИКАКОВ РЕЗОН. ДУРИ И ДЕЛТА СОЈОТ КОГА БЕШЕ ПРВИТЕ ДЕНОВИ НЕМАШЕ РЕЗОН ДА СЕ ПРАВИ ЛАБОРАТОРИЈА. ОГРОМНИ СЕ БРОЈКИТЕ И ЌЕ РАСТАТ АКО ОВОЈ СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО НЕ ГО СПУШТИМЕ. ТРЕБА ДА СЕ СМИРИМЕ. ВЛЕГУВАМЕ, ПО ДЛАБОКО МОЕ УБЕДУВАЊЕ, ВО ДОБРА ФАЗА, ВЕЛИ БЕЌАРОВСКИ.

Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски на својот официјален фејсбук профил објави дека растот на просечната плата продолжува.

Во ноември 2021 година просечната исплатена нето - плата изнесувала 29.130 денари. Имаме зголемување за 5,6% во однос на истиот месец 2020 година. Тоа се 1.542 денари повеќе споредбено со лани. Како што најавив, следната недела започнува социјалниот дијалог за зголемување и на минималната плата во државата, заедно со синдикатите и компаниите. Дополнително, следува зголемување и на пензиите, напиша тој и додаде дека како Влада се посветени на покачување на платите, што директно ќе влијае на подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата. 

Инаку вчера министерот за економија Крешник Бектеши најави зголемување на минималната плата годинава. 

Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава, рече Бектеши. 

Промовирани огласи »

Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до НВО „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15.

Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“ вели дека пријави имаат од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава. Според нивните податоци, 46 македонски компании воопшто не исплатиле регрес за годишен одмор до законски предвидениот рок. До „Гласен текстилец“ пристигнале и пријави за уште 16 фирми кои само делумно исплатиле К-15.

Повторно имаме по 500 денари, по 100 денари исплата. Од тие вкупно 62 фирми кои што се пријавени, 46 не исплатиле воопшто. Државен трудов инспекторат ќе отиде, ќе им каже дека треба да исплатат К-15, меѓутоа, колективниот договор дозволува исплата на тие срамни суми од 500, од 100 денари да поминат, па дури и таму каде што има синдикално организирање, рече Ампева.

Таа смета дека постојните законски решенија им  дозволуваат на фирмите, кои ќе прикажат дека работеле со загуба,  да исплаќаат минимални износи. Според неа, решението за да се надминат ваквите манипулации е во новиот Закон за работни односи.

–Да се донесе новиот Закон за работни односи и внатре да стои децидно дека К-15 им следува и во јавен и во приватен сектор, да биде определен минималниот износ, за да не се наоѓаме во вакви  ситуации, вели Ампева.

Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина.

Посочи дека фирмите кои константно го кршат Законот за исплата на минималната плата наместо прекршочни треба да добиваат кривични пријави. Ампева вели дека сегашните глоби во Законот за прекршоци се прениски и тоа  за фирмите што со исплатата на плата доцнат со месеци.

НВО „Гласен текстилец“ испратиле барање до  Инспекторат за труд за една компанија, што според нив треба да биде пример за останатите дека треба да се почитува Законот.

Се надевам дека Државниот трудов инспекторат ќе покренат кривична постапка и за вакви фирми коишто постојано го прават тоа. Мислам дека кривичните пријави ќе имаат некој импакт поголем, бидејќи не секој сака да биде под финансиска истрага, под истрага на Управа за јавни приходи или, пак, од Јавното обвинителство, па нека решат останатите дали ќе сакаат да го следат тој пример, додаде Ампева.

Според неа, очекувано беше Законот за недела неработен ден да биде оспорен пред Уставниот суд. Очекува работничките права да се подобрат со новиот Закон за работни односи на кој се чека веќе три години.

Промовирани огласи »

Крешник Бектеши, министерот за економија, денеска пред медиумите откри дека првично Владата одобрила 6 милиони евра за финансирање на работата на БЕГ преку администрирање од страна на АД ЕСМ. Со оваа сума треба да се доплати остатокот од разликата помеѓу реалната и актуелната  цена на топлинска енергија од фактурите.

Кога се оравеа проекциите, беа вклучени ЕСМ, ЕСМ Енергетика, РКЕ. Тоа е искалкулирана сума согласно берзанските цени. Ќе видиме и фјучерсите како ќе се движат за февруари и март и откако ќе ги добиеме понудите, таа сума може да биде и поголема. Но цените очекуваме да бидат помали од тие за јануари, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.

Сумата која синоќа ја овјави Владата од 10 милиони евра за АД ЕСМ, како што додаде Бектеши, е посебна и е наменета за мазут, јаглен и за увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство. Министерот тврди дека АД ЕСМ во моментов има многу повеќе количини јаглен на располагање спооредбено со почетокот на енергетската криза.

Како што ме информира комисијата, јас можам да кажам дека има 250.000 тони јаглен за РЕК Битола, а претходно немаше ни 40.000. И наши и од увоз се количините. Важно е дека имамае 250.000 тони во депонија, рече тој како одговор на новинарско прашање.

Бектеши додаде дека АД ЕСМ денеска треба посебно да информира за договорот кој ќе биде склучен со БЕГ. Владата синоќа го одобри текстот на договорот за деловно – техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права на производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ).

Согласно овој договор БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на овој договор, а од денот на склучување на овој Договор ќе му даде согласност на АД ЕСМ да управува со сите деловни активности на БЕГ, со сите трансакциски сметки, како и со наменската сметка која што БЕГ ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка.

На истата седница Владата ја донесе и Одлуката за одобрување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија, со која се одобруваат финансиски средства во износ од 615 милиони денари на АД ЕСМ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »