Промовирани огласи »

Тревор Џејкоб, јутјубер и поранешен олимписки сноубордер, е обвинет дека намерно го урнал својот авион поради прегледи на Јутјуб.

Американската Сојузна управа за воздухопловство (FAA) отворила истрага против Тревор Џејкоб.

Џејкоб со падобран скокнал од авионот "Taylorcraft BL64" и потоа снимал како авионот паѓа во брдо во Националната шума Лос Падрес во Калифорнија.

Обвинет е дека намерно го урнал авионот за да направи видео од тоа, откако при скокањето намерно го спуштил носот на леталото, за авионот да падне.

Видео клипот кој веднаш го објавил добил голем број на прегледи и коментари, а подоцна Џејкоб ги исклучил коментарите.

Експертите откриле дека намерно го урнал авионот и ја загрозил безбедноста, поради што била отворена истрага и "FFA" сега прави целосен извештај и подготвува тужба.

Судејќи по се, тој ќе биде казнет, и ќе му биде одземена и дозволата за лет.

Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница. 

Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен ден“. Вработените на оваа компанија, која заради сложениот производствен процес мора да работи и во недела, добиваат дополнителни 50% од основната дневница. Со тоа просечната плата на оние вработени кои работат во недела во оваа компанија порасна, рече премиерот. 

Ковачевски заедно со менаџментот на компанијата, министерската за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорите на ТИРЗ Јован Деспотовски и на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска, денешната посета ја искористија и како можност за  разговор со дел од работниците кои изразија задоволство од новиот закон.

Трудот на работниците мора соодветно да се вреднува и почитува.  Овој закон има многу позитивен ефект врз економијата, тој ги стимулира работниците и позитивно влијае на нивната продуктивност што е во интерес и на самите компании. Законот недела неработен ден ќе даде одлични резултати во зголемување на продуктивноста на компаниите и унапредување на стопанството. Во оваа прилика би сакал да им честитам на раководството на „Дура“ кои покрај  двете фабрики, планираат и нова трета инвестиција во фабрика, инвестиција од над 20 милиони евра. Висината на инвестицијата во двете фабрики каде има 680 вработени е речиси 70 милиони евра. Она што е важно е дека просечната нето-плата во оваа компанија е над 600 евра и истата има тенденција за натамошен раст. Клучот за успешна стратегија во делот на странските инвестиции е обезбедување одржливост и развој на инвестициите, но и натпросечни плати со што се подобрува квалитетот на животот и примањата на граѓаните“, рече Ковачевски.

Ковачевски посака успешна работа за компанијата која има над 100 годишна историја во автомобилската индустрија.

Промовирани огласи »

ПИОМ е стабилен, а ќе има и дополнително зголемување на пензиите оваа година. 

Според официјалнте податоци, приходите на ПИОМ за 2021 година се зголемени за 1,3 милијарди денари, финансиската состојба е стабилна а пензиите се исплаќаат непречено, дури и пред време, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. 

Таа вели дека и покрај енергетската криза, економијата е стабилна. 

Само во месец декември имало нови 1.839 пензионери на списокот на ПИОМ. 

Промовирани огласи »

Во земјава има повеќе сектори каде платите се нешто над минималецот. 

Деновиве Државниот завод за статистика(ДЗС) ја објави листата на просечни плати за месец ноември.  Според овие податоци, најниската просечна нето-плата е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности – 16.068 денари, а понатаму следи Услуги поврзани со одржување згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 17.965 денари. 

Во групата со ниски плати спаѓаат и вработените во секторот Производство на кожа и слични производи од кожа – 18.588 денари, па Производство на облека – 19.139 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 19.206 денари. 

Од друга страна, најголеми плати земаат програмерите.  Тие долго време се на врвот од листата. 

Македонските работници во ноември лани во просек заработувале по 29.130 денари.

Минималецот засега останува ист, 15.200 денари. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »