Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.
Во продолжение пролжение прочитајте кои се сите останати неработни денови од 2022 година:
За сите граѓани на РМ: 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден, 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите, За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.