Промовирани огласи »

По денешната муѓувладина седница помеѓу С.Македонија и Бугарија беа упатени прашања до македонскиот премиер Димитар Ковачевски кои би биле критериумите на трите основани групи.

За политички прашања со Петков разговаравме и во Скопје, но и тука во Бугарија, но доминантни беа темите на 3-те групи. Идната недела ќе имаме туристички оператори од Бугарија кои ќе дојдат во Скопје за директната авионска линија која треба да биде пуштена до 1 март. До 2023 треба да се изградат 13 километри пат до Клепало и таму да се направи граничен премин. Во догледен период треба да имаме прва меѓувладина седница со ЕУ, тоа е динамиката, рече Ковачевски. 

Промовирани огласи »

Овојпат темата е споредување на погон на сите тркала (4×4) и на предните тркала.

Јасно е дека погонот на сите тркала подобро ќе ја пренесе силата на подлогата, но забрзувањето е само еден дел од возењето. Вртењето и запирањето се многу поважни прашања во зима, па иако погонот 4×4 може да понуди некои предности во кривини, при кочење и не е толку важен.

Овде доаѓаме до клучното прашање: дали е подобро во зимски услови да се вози автомобил со погон на сите тркала и добри гуми за сите сезони (all season) или можеби победник е погонот на предните тркала во комбинација со зимски пневматици?

Џонатан Бенсон од YouTube каналот Tire Reviews се обиде да одговори на тоа прашање споредувајќи два Mini Countryman S, од кои едниот користи систем со погон на сите тркала. Тој автомобил вози со гуми Goodyear Vector 4Season Gen 3 за сите сезони, додека верзијата со погон на предните тркала има намонтирано Goodyear UltraGrip Performance + зимски гуми.

Овде доаѓаме до клучното прашање: дали е подобро во зимски услови да се вози автомобил со погон на сите тркала и добри гуми за сите сезони (all season) или можеби победник е погонот на предните тркала во комбинација со зимски пневматици?

Џонатан Бенсон од YouTube каналот Tire Reviews се обиде да одговори на тоа прашање споредувајќи два Mini Countryman S, од кои едниот користи систем со погон на сите тркала. Тој автомобил вози со гуми Goodyear Vector 4Season Gen 3 за сите сезони, додека верзијата со погон на предните тркала има намонтирано Goodyear UltraGrip Performance + зимски гуми.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 26.01.2022 год. (среда) започнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на болеста.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.01.2022 година (петок) и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.01.2022 година (понеделник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 јануари (среда). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на болеста, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Истовремено, МТСП ги информира пензионерите дека јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9% согласно законското усогласување кое се врши два пати годишно во јануари и јули. Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.

Промовирани огласи »

Белгиската организација за заштита на потрошувачите Test Anakoop спровела големо европско истражување на квалитетот на автомобилите, во кое учествувале повеќе од 60.000 сопственици на возила во Белгија, Франција, Шпанија и Португалија. Притоа е утврдено дека најголем процент од проблемите  (17% од дефектите) се јавуваат на електричните и електронски склопови и функции, како што се акумулаторите, светлата, подигањето на прозорците и централните брави.

Нешто помал број автомобили (13% од случаите) мораат на сервис бидејќи кочниците веќе не функционираат оптимално. На трето место се дефекти кај бензинските и дизел мотори. Lexus се автомобилите кои имаат најмалку проблеми. Имено, само 5% од возачите на овие автомобили морале да одат на сервис во текот на гарантниот рок поради дефект.

Lexus исто така ја предводи и листата на најсигурни автомобили во претходните две изданија на истото истражување (2020 и 2018 година). Toyota и повеќето други јапонски брендови се исто така во врвот. Најдобро рангиран Европеец е Seat, додека на дното на табелата се три многу скапи брендови: Jaguar, Land Rover и Tesla. Моделите со мотори со внатрешно согорување кои имаат најмногу проблеми се по правило дизел автомобилите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »