Информација што се појави вчера ни дава увид во плановите и целокупната стратегија на OnePlus. Да потсетиме, новата сегментација на пазарот на компанијата функционира вака: нумерираната серија е водечка линија, моделите со ознаката R се насочени кон регионалните пазари, уредите Nord и Nord CE ja сочинуваат средната класа, а телефоните Nord N се насочени кон највисокото ниво.
Зборувајќи за моделите R, OnePlus 9RT штотуку беше лансиран во Индија како наследник на 9R, но очигледно ќе има 10R подоцна оваа година. И не само тоа, туку се чини дека светските пазари го добиваат стандардниот OnePlus 10, покрај 10 Pro кој веќе е претставен во Кина.
Додека 10 и 10 Pro (наводно ќе бидат објавени глобално во aприл) се напојуваат со Snapdragon 8 Gen 1, OnePlus 10R наместо тоа ќе оди со MediaTek Dimensity 9000.
По долго време држење за Qualcomm, OnePlus прво тргна со MediaTek со Nord 2, а сега кога тајванскиот производител на чипови го има соодветниот флегшип чип, подготвен е да го претстави во премиум серијата, дури и ако 10R биде ограничен на некои региони.