Промовирани огласи »

Сертификатите  за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција имаат различно времетраење при влез и во внатрешноста на земјата.

Согласно двете министерски одлуки, едната со предусловите за патување во земјата, а другата со мерките за заштита на јавното здравје во самата земја, што денеска стапија во сила, а со оглед на тоа дека рестрикциите во Грција важат и за туристите, постојат различни правила за влез во земјата и различни во внатрешноста, а се однесуваат на европските сертификати за вакцинација и прележан Ковид-19, кои имаат различно времетраење, јави дописничката на МИА од Атина.

Утрово стапи во сила новата министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19", а влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 33-те земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Северна Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, со прележана болест или негативен тест по направен ПЦР или рапид тест.

За патување во Грција валиден е европскиот сертификат за вакцинација до девет месеци од втората доза, но за влез во затворените објекти во земјата, валидноста на сертификатот е седум месеци, а иста е ситуацијата и со потврдата за прележан Ковид-19, што важи 180 дена при влез, но 90 за во Грција.

Поконкретно, како што анализира МИА, во Грција може да се влезе со европски сертификат за вакцинација, доколку не се поминати девет месеци од втората доза, но ако се поминати над седум месеци, посетителот нема да има пристап во затворените објекти, како што се малопродажбата, продавниците во рамките на моловите, банките, угостителските објекти, кината, театрите, археолошките локалитети.

Идентична е ситуацијата и со прележаните. Сертификатот за прележан Ковид-19, што се издава 14 дена по првиот позитивен тест со направен ПЦР или со рапид тест е со важност е до180 дена, кога станува збор за патување во Грција. Но, во внатрешноста на земјата, времетраењето е намалено на 90 дена. /МИА

Промовирани огласи »

Тројца од пет луѓе кои работат од дома во Германија изјавиле дека се во голема мера задоволни поради тоа, покажа истражување спроведено од Форса по нарачка на германската осигурителна компанија ККХ.

Само една петтина од испитаниците ги опишале своите искуства со работа на далечина како претежно негативни, пренесува ДПА..

Околу 70 отсто од сите учесници во анкетата рекле дека подобро можеле да го спојат семејството и работниот живот кога не се во канцеларија. Една петтина од вработените изјавиле и дека работата дома позитивно влијае на состојбата на нивното здравје, особено преку намалување на стресот.

Но, исто толку изјавија дека нивната благосостојба се влошила благодарение на тоа што работеле од дома. Меѓу оние кои пријавиле негативни влијанија, главните проблеми биле болките во грбот и мускулната напнатост.

Ова има влијание врз отсутноста на вработените, како што покажуваат податоците за осигурувањето на ККХ од 2021 година. Компанијата за здравствено осигурување припишува 24 отсто од сите денови на отсуство на мускулно-скелетни нарушувања. Во претходните години тој беше малку понизок, од околу 22 до 23 проценти.

Според податоците, околу две третини од вработените кои работеле од дома, а пријавиле дека се погодени од ментална болест, се жени.

Најчесто жените се тие кои покрај нивната работа се грижат за децата и домаќинството“ рече економскиот психолог на ККХ, Антје Џудик.

Според Форса, самците, исто така, повеќе страдаат кога работат од дома отколку луѓето кои живеат во партнерство. Причина за тоа е недостигот на социјални интеракции, како што е случај во канцеларија.

Многу германски работодавци ги испратија своите работници дома за да го спречат ширењето на коронавирусот и дури сега почнуваат да ја откриваат својата визија за постпандемиска работа.

Институтот за истражување на пазарот Форса соопшти дека спроведе репрезентативно национално истражување на 1.002 вработени лица со канцелариски работни места во име на KKH Kaufmännische Krankenkasse во периодот од 10 до 25 јануари.

Промовирани огласи »

Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, не! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните.

Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна!

Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула.

Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари.

Ова се цените на кои денеска наидовме во еден од поголемите маркети во Скопје.

Додека се мислевме дали да ги купиме бабурите, дојде и една повозрасна жена исто така тргнала да купи бабури за да ги полни за ручек. Но, планот за ручек се смени кога ги виде цените, видно нервозна искоментира „ове е кражба на народот“.

Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата.

Извор: Ценометар.мк 

Промовирани огласи »

Утре нови преговори за минималната плата.

Ако не се изгласа законот со кој таа ќе изнесува 18 илјади денари ССМ најавува големи блокади и штрајкови.

Ја повика владата да донесе решение во корист на синдикатот и работниците а не да ги штити работодавачите.

Дали и како државата ќе ја субвенционира минималната плата на фирмите кои не можат да ја исплатат на синдикатот не му е битно само велат дека таа засекогаш ќе мора да ја има вредноста од 60 проценти од просечната плата во земјава.

Крајниот рок за наоѓање на решение е во четврток кога пред Собранието е ставена точката на дневен ред.

Бизнис секторот пак до владата имаше два различни предлози.

Организацијата на работодавачи сметаше дека минималецот годинава треба да порасне до 16.300 денари.

Сметаат дека нивниот предлог е најдобар и најодржлив. Вториот предлог дојде од Бизнис конфедерацијата која се согласува на 18.000 денари минималец, но 50 проценти од трошоците да се субвенционираат од Буџетот.

Токму тој и отвори дополнителна работа на Владата која во утре на Економски совет ќе расправа колкави давачки ќе има државата ако ја субвенционира платата, како ќе влијае врз буџетот и дали и колку би се зголемил јавниот долг. Вчера во изјава за Телма економскиот познавач Павле Гацов рече дека до компромис мора да се дојде, а една од опциите е владата да ги субвенционира придонесите за покачувањето на платата.

Последниот концепт кој го понуди владата покажува дека минималната плата годинава треба да биде 17.104 денари. Работодавачите пак не се согласуваат со ова без државата да понуди помош. За работниците досегашниот минималец од 15 илјади и 200 е пренизок.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »