HeadHunter лого

Овластен сметководител

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

Нашиот клиент- лидер во индустријата на Оптика и медицински помагала со 50 годишна традиција и препознатлив бренд на македонскиот пазар, во соработка со The Headhunter огласува отворена позиција за:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Локација: Скопје
Полно работно време

КОГО БАРАМЕ?

Бараме искусен и детално ориентиран Овластен Сметководител кој ќе води сметководствени процеси согласно важечките законски прописи и стандарди, ќе обезбеди точност и навремено известување до раководството и Управниот Одбор, како и надворешни институции, и ќе придонесе кон стабилен и транспарентен финансиски систем во компанијата.

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Целосно водење на сметководствени евиденции (главна книга, дневници, дневни каси и банкарски изводи)
  • Изготвување месечни, квартални и годишни финансиски извештаи
  • Изготвување и поднесување на ДДВ пријави, пресметка на плати, и други законски обврски
  • Следење на законски промени и нивна имплементација во работењето
  • Комуникација со надворешни ревизори, банки и државни институции
  • Подготовка на завршна сметка и даночни пријави

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование од областа на економија/финансии/сметководство
  • Сертификат за Овластен сметководител (лиценца од СМРМ) задолжително
  • Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на законска регулатива, МСФИ и локални даночни прописи
  • Работа со сметководствени софтвери 
  • Прецизност, аналитички способности и висока одговорност

ШТО НУДИМЕ:

  • Работа во реномирана и стабилна компанија со долгорочна визија
  • Можност за постојан професионален развој
  • Конкурентна плата со вклучени бенефиции
  • Ги цениме семејните вредности, времето поминато со семејствтото затоа овозможуваме Флексибилно работно време (во администрација најчесто прифатено од 07-15ч)
  • Подароци за најмладите, дополнителен слободен ден за прв школски ден, роденден
  • Тимска и поддржувачка работна атмосфера

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат на следниот линк: https://www.careers-page.com/the-headhunter/job/L45WV647

Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!

Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!

Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »