Промовирани огласи »

„Иако го носи името Pista (тркачка патека), Ferrari 488 Pista може да се вози на пат без никакви проблеми!

Сепак, информациите од каталогот на Ферари за неименуван возач во Полска го покажуваат спротивното. Минатиот петок, во близина на градот Вирзиск, суперавтомобилот од Маранело слета од патот и удри во заштитна ограда. Всушност, не ја удри оградата, туку се провлече под неа.

Иако на прв поглед изгледа страшно, несреќата поминала без повредени, само со материјална штета. Уништени се предниот и задниот дел, покривот и двете страни. Цената на ново Ферари е околу 300.000 евра.

Полските медиуми наведуваат дека во моментот на несреќата врнело дожд, патот бил лизгав, а температурата била блиску до нулата.

Да потсетиме, Ferrari 488 Pista го придвижува 3,9-литарски V8 мотор кој произведува 720 КС, што му овозможува на овој модел да забрза до 100 km/h за само 2,85 секунди! Максималната брзина е 340 km/h.

Промовирани огласи »

Израелскиот премиер Нафтали Бенет најави дека ќе го откаже зелениот сертификат бидејќи новите случаи на коронавирус во таа земја продолжуваат да опаѓаат на дневна основа.

По средбата со здравствените власти, Бенет изјави дека израелскиот бран на омикрон соеви на корона вирусот е прекинат и дека претстои дополнително укинување на епидемиолошките мерки во земјата, пренесува агенцијата АП.

На луѓето кои имале „зелено куче“ (израелски зелен сертификат), на оние кои неодамна закрепнале од коронавирусот или биле вакцинирани со три дози од вакцината, им било дозволено да влезат во затворени простори и да учествуваат во големи собири.

Се наведува дека, иако бројот на нови инфекции е сè уште висок, израелското Министерство за здравство известува за постојан пад на сериозните случаи на ковид 19 од врвот на бранот омикрон вирус што беше во земјата претходно во февруари.

Од почетокот на имунизацијата во земјата, околу 48 отсто од 9,4 милиони луѓе примиле три дози вакцина, а повеќе од 72 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина, јави Танјуг.

Промовирани огласи »

Денеска на пладне пред пратениците на собраниската Комисија за труд и социјална политика ќе се најде Предлог-законот за измени и дополнувања на минималната плата.

СО ЧЛЕНОТ 4 СЕ УТВРДУВА ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО БРУТО ИЗНОС ЗА МАРТ 2022 ГОДИНА ЗАКЛУЧНО СО ИСПЛАТАТА НА ПЛАТАТА ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2023 ГОДИНА ДА ИЗНЕСУВА 26.422 ДЕНАРИ И ОВОЈ ИЗНОС ЌЕ БИДЕ ОСНОВА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО МЕСЕЦ МАРТ 2023 ГОДИНА.

Во нето-износ минималната плата ќе биде 18.000 денари и таа ќе важи една година.

Од предлог-законското решение се гледа дека за спроведување на овој закон до крајот на годината ќе бидат потребни 939.645.000 денари (15.230.000 евра) од Буџетот на државата. Притоа е објаснето дека за секој работник за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата, државата ќе дава по 1.197,00 денари.

СО ЧЛЕН 4-Д Е ПРЕДВИДЕНО ЗА РАБОТНИКОТ ЗА КОЈ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ, РАБОТОДАВАЧОТ ИСТИОТ ДА НЕ МОЖЕ ДА ГО ОТПУШТИ НАЈМАЛКУ 1 ГОДИНА ПО ДОБИВАЊЕ НА ПОМОШТА, А АКО ГО ОТПУШТИ ИМА ОБВРСКА ДА ГИ ВРАТИ СРЕДСТВАТА, ОСВЕН ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ НА РАБОТНИКОТ, ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ПЕНЗИЈА И ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС ПО ВИНА ИЛИ ВОЉА НА РАБОТНИКОТ, ПИШУВА ВО ЗАКОНСКОТО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ.

Во законот е предвидена и нова методологија за усогласување на плати, според која усогласувањето ќе биде 50 отсто од минималната плата и ќе се индексира со порастот на просечно исплатената нето плата за претходната година и 50 проценти со порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Исто така е утврдено дека минималната плата не може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.

Промовирани огласи »

Властите во Германија вчера ги соопштија плановите да ги укинат најголемиот дел од рестрикциите поврзани со пандемијата на КОВИД-19 до 20-ти март, одлука која се совпаѓа и со плановите на соседните Австрија и Швајцарија кои сакаат да ги скратат своите ограничувања дури и пред овој датум.

Планот во три чекори доби поддршка од канцеларот Олаф Шолц, како и 16-те државни гувернери откако официјалните податоци покажаа дека инфекциите со коронавирусот започнаа да се намалуваат во Германија.

Пикот веројатно е веќе достигнат, изјавил Шолц.

Промената треба да започне со укинување на мерките со кои луѓето беа спречени да посетуваат неесенцијални бизниси без доказ за вакцинација, а ќе се скрати и лимитот на приватни собири на вакцинирани лица.

Со почеток од 4-ти март ќе се опуштат рестрикциите за влез во ресторани и барови, со тоа што ќе биде потребен само негативен тест, наместо како досега – доказ за вакцинација или прележаност на вирусот плус тест или бустер доза од вакцините.

Останатите мерки ќе се укинат на 20-ти март, но Шолц предупреди дека носењето маски и мерките за држење социјална дистанца и понатаму ќе останат на сила.

Инфекциите од новата омикрон варијанта на вирусот во Германија започнаа да растат нешто подоцна од другите европски држави. Надлежните сметаат дека ова е поради рестриктивните мерки кои беа воведени во декември.

Сепак, другите земји, меѓу кои и соседната Данска, побрзо ги укинаа своите рестрикции што предизвика притисок и Германија да ги следи овие чекори. Претходно и Австрија најави дека ќе ги укине речиси сите мерки на 5-ти март, а Швајцарија ќе го стори истото оваа недела.

Во меѓувреме најавената задолжителна вакцинација на сите полнолетни лица во Германија изгледа дека нема да се исполни. Иако Шолц беше за оваа идеја пред добивањето на функцијата во декември, сепак неговата владејачка коалиција е поделена по ова прашање и го остави на одлука на парламентот. Во моментов не се знае кога пратениците ќе гласаат по овој предлог и какво ограничување би добило мнозинска поддршка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »