Промовирани огласи »

Трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Ова се овозможува со измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа  кои беа усвоени од Собранието, а на кој Министерството за финансии работеше минатата година во консултации со бизнис-заедницата.

Со укинувањето на тарифите, според министерот за финансии Фатмир Бесими, се намалуваат трошоците за производство со што се влијае на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.  

Со овој Закон, смета Бесими, се придонесува кон подобрување на конкурентноста на домашните компании, поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори, проширување на производството на постојните капацитети на домашни и странски компании, како и зголемување на вработеноста.

Според министерот значајна поддршка на домашните компании и индустрија за намалување на трошоците на производство дополнително се прави и со укинување на царинската стапка за природен гас, што е предвидено со ова законско решение. Истовремено, во услови на енергетска криза, со законот,се дава и придонес кон поголема ценовна стабилност на овој енергенс, а се поттикнува и промена на користењето на енергенсите кон енергенси кои помалку загадуваа.

Со намалувањето на царинските стапки на суровини или репроматеријали кои се користат во технолошко напредното производство, исто така директно ќе се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои во 2020 и 2021 година забележаа сериозен пад во индустриското производство.

Во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија, намалувањето на царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали ќе ги олесни условите за работење на овие компании и ќе овозможи да се зголеми нивната конкурентност на пазарот.

Со Законот опфатени се суровини и производи кои не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки во увозот во Република Северна Македонија се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во примена во Европската унија. Со намалувањето на увозните давачки - царинските стапки на ниво од ЕУ, висината ќе се приближи кон царинските стапки што се применуваат во Европската унија, што значи ќе се овозможи да се подобри конкурентноста на домашните компании и ќе има поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето нови компании со странски капитал од различни стопански сектори.

Со донесување на овој Закон се реализира Програмата на Влада, како и Мерката 17 од петтиот сет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на COVID-19, која се однесува на тоа да се намалат царинските стапки на ниво на Европската унија за најприоритетните стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во преработувачка индустрија.

Промовирани огласи »

Акциите на светските пазари денеска остро паднаа, додека цените на средствата кои се сметаат за сигурни засолништа, како нафтата и златото, зајакнаа, бидејќи источниот дел на Европа е на работ на војна откако рускиот претседател Владимир Путин нареди војниците да влезат во Доњецк и Луганск во источна Украина.

Најширокиот азиско-пацифички индекс MSCI, без јапонскиот, е на пат да го забележи најлошиот ден во месецот за овој месец и моментално е во минус од 2,1 отсто, поттикнат од падот на берзите во Хонг Конг и континентална Кина.

Јапонскиот индекс Nikei потона за 2,5 отсто.

Американските и европските берзи исто така се движат кон силни загуби на отворањето на тргувањето, при што њујоршкиот индекс S&P 500 падна за 1,8 отсто, технолошкиот Nasdaq за 2,5 отсто, паневропскиот фјучерс индекс EuroStox 50 за 1,53, а Лондон FTSE за 0,89 отсто.

Спротивно на тоа, цената на европските фјучерси на нафтата брент, односно договорите за испорака во наредниот период по договорената фиксна цена, порасна за 1,5 отсто на 96,85 долари за барел, откако на почетокот на тргувањето достигна ново седумгодишно највисоко ниво од 97,21 долари поради загриженоста дека рускиот извоз на енергија може да биде нарушен. Цената на златото порасна за 0,2 отсто на 1.909,10 долари за унца, достигнувајќи нов шестмесечен максимум од 1.911,56 долари претходно на трговската сесија.

Во понеделникот, Путин призна два отцепени региони во источна Украина како независни републики и нареди испраќање на руската армија, како што вели Москва, во мировна операција во таа област, што доведе до врвот на украинската криза што може да предизвика голема војна, пренесува Ројтерс.

Вашингтон и европските престолнини го осудија потегот, ветувајќи нови санкции. Украинскиот министер за надворешни работи рече дека добил уверување за „одлучен и обединет“ одговор од Европската унија.

Сепак, претставник од администрацијата на Бајден рече дека потегот на Русија сè уште не е „инвазија“ што ќе предизвика поширок пакет санкции, бидејќи не отстапува од она што Русија веќе го направи.

На берзата во Хонг Конг акциите на рускиот производител на алуминиум Русал паднаа за цели 22,1 отсто на 6,18 хонгконгшки долари, што е нивен најголем дневен процентуален пад од април 2018 година.

Кинеските технолошки акции котирани во Хонг Конг потонаа за 2,7 отсто поради шпекулациите за нов бран на заострување на регулативите, што ги погоди највисоките делови на Tencent и Alibaba.

На валутните пазари движењата се нешто попригушени, освен руската рубља, која на почетокот на тргувањето во Азија падна на најниско ниво во последните 18 месеци, пред да се стабилизира.

Јапонскиот јен се врати на раст на отворањето на сесијата, достигнувајќи речиси тринеделен максимум од 114,50 за долар. Швајцарскиот франк се држи блиску до едномесечниот максимум забележан во понеделникот, при што еврото падна за 0,2 отсто до еднонеделното ниско ниво од 1,1286 долари.

Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 310 пешаци од кои, 217 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 77 за минување на црвено светло... Од нив 141 на територија на СВР Скопје, 36 на територија на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола...

За време на контролата регистрирани се и 133 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.  

Промовирани огласи »

ВОЗАЧИТЕ на скапи брзи автомобили барем еднаш доживуваат да бидат предизвикани од некој во далеку поевтин автомобил.
Има многу улични тркачи, а повеќето од нив сонуваат за „скалпирање“ на едно Порше, Ферари или Бугати. Возачот на ваков суперспортски автомобил ќе се согласи на брканица и во исто време да биде ставен во голема опасност, која може да заврши фатално.

This image has an empty alt attribute; its file name is trkanje-na-seat-i-ferari.gif

Судејќи по снимката и достапните информации, нешто слично се случило на автопат во Израел. Надзорната камера од автомобилот го снимила Ферари 812 во бришачки лет, а веднаш потоа следел Seat Leon Cupra по неговите стапки.

Тие возат со екстремна брзина, а потоа почнуваат да ја менуваат лентата за да избегнат „пречки“ во вид на камиони, но и други побавни учесници.Иако не се гледа точно самиот судар, очигледно е дека дошло до контакт помеѓу Seat и задниот дел на Ферари. Авторот ан снимката изјавува дека двете возила се судриле и со камион кој претекнувале, при што Seat удрил во Ферари, а потоа продолжил до крај, до заштитната бариера.

Seat доживеал „тоталка“ со буквално декатипиран мотор, но добра вест е дека кабината останала цела. Ферари претрпел значителни оштетувања на задниот дел, но и на издувниот систем и во помала мера на предниот дел. Судејќи по гестот на возачот на Ферари, сосема е јасно дека тој е свесен дека поправката ќе го чини повеќе од нови Seat.

Според пишувањето на израелските медиуми, во несреќата полесно се повредени три лица, кои на лице место одбиле медицинска помош, како и идентификација на службите на брза помош.

Фото: Принтскрин/YouTube


 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »