Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 310 пешаци од кои, 217 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 77 за минување на црвено светло... Од нив 141 на територија на СВР Скопје, 36 на територија на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола...

За време на контролата регистрирани се и 133 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.  

Промовирани огласи »

ВОЗАЧИТЕ на скапи брзи автомобили барем еднаш доживуваат да бидат предизвикани од некој во далеку поевтин автомобил.
Има многу улични тркачи, а повеќето од нив сонуваат за „скалпирање“ на едно Порше, Ферари или Бугати. Возачот на ваков суперспортски автомобил ќе се согласи на брканица и во исто време да биде ставен во голема опасност, која може да заврши фатално.

This image has an empty alt attribute; its file name is trkanje-na-seat-i-ferari.gif

Судејќи по снимката и достапните информации, нешто слично се случило на автопат во Израел. Надзорната камера од автомобилот го снимила Ферари 812 во бришачки лет, а веднаш потоа следел Seat Leon Cupra по неговите стапки.

Тие возат со екстремна брзина, а потоа почнуваат да ја менуваат лентата за да избегнат „пречки“ во вид на камиони, но и други побавни учесници.Иако не се гледа точно самиот судар, очигледно е дека дошло до контакт помеѓу Seat и задниот дел на Ферари. Авторот ан снимката изјавува дека двете возила се судриле и со камион кој претекнувале, при што Seat удрил во Ферари, а потоа продолжил до крај, до заштитната бариера.

Seat доживеал „тоталка“ со буквално декатипиран мотор, но добра вест е дека кабината останала цела. Ферари претрпел значителни оштетувања на задниот дел, но и на издувниот систем и во помала мера на предниот дел. Судејќи по гестот на возачот на Ферари, сосема е јасно дека тој е свесен дека поправката ќе го чини повеќе од нови Seat.

Според пишувањето на израелските медиуми, во несреќата полесно се повредени три лица, кои на лице место одбиле медицинска помош, како и идентификација на службите на брза помош.

Фото: Принтскрин/YouTube


 

Промовирани огласи »

Директорот на Јавното претпријатие за Државни патишта Ејуп Рустеми денеска објави дека патување од Скопје кон Штип во еден правец ќе чини 160 денари.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека донесени се цените на двете нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип кои, според Програмата за работа на претпријатието треба да бидат пуштени во вториот квартал од годинава.

Цената на патарините се утврдува според Законот, по километар 2,57 денари. Така што, кај Преод ќе биде 50 денари, а Кадрифаково ќе биде 70 денари цената, рече Рустеми.

Доколку на ова се додаде патарината кај Миладиновци, патувањето од главниот град кон Штип ќе не чини 160 денари во правец за патарини.

Инаку, двата одрона кои пред Нова година се појавија на најновиот автопат во државата сѐ уште не се исчистени и тргнати.

Промовирани огласи »

Ново зголемување на цените на нафтените деривати. Од полноќ бензините ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а дизелот останува со непроменета цена во следниот седумдневен период.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цената на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство да се зголеми за половина денар, а цената на дизелот да остане иста.

Согласно новата одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 82,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по дена од 73,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 74 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »