Промовирани огласи »

Со 90 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ или „против“ Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за минимална плата, кои треба да овозможат нејзино покачување на 18 илјади денари.

И на денешното, како и на претходните продолженија на расправата за Предлог измените на Законот за минимална плата, можеа да се слушнат различни мислења од пратениците од партиите на власт и од опозиција.

За пратениците од владејачкото мнозинство  со ова законско решение ќе се подобри животниот стандард на околу 80 000 работници кои земаат минимална плата, а како што оценија, добро е и тоа што е променета методологијата за годишното усогласување и што минималната плата нема да може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.

Пратениците од опозицијата, пак, изразија жалење што не е прифатен нивниот амандман за скалесто зголемување на сите останати плати бидејќи инфлацијата, како што рекоа, влијае на животниот стандард на сите работници. Според нив, доколку се зголеми само минималната плата, а не и останатите плати, тогаш ќе дојде до урамниловка.

Предлог-измените на Законот за минимална плата беа доставени до Собранието откако по неколкудневни преговори на Економско-социјалниот совет на 7 февруари беше постигнат договор минималната плата да се зголеми на 18.000 денари со мартовската исплата во април. Зголемувањето на минималната плата ќе биде помогнато и од страна на државата која од Буџетот ќе одвои 16 милиони евра за плаќање на разликата во придонесите до крајот на годината.

Зголемувањето на минималната плата е барање на синдикатите, според кои, се работи за егзистенцијална потреба на работниците имајќи го предвид зголемувањето на животните трошоци и фактот што две минимални плати се малку за да се покрие минималната синдикална кошничка.

Собраниската седница продолжи со расправа по Предлог на закон за инспекциски надзор во животната средина, во прво читање.

Промовирани огласи »

МојДДВ речиси две години успешно се спроведува и дел од парите на граѓаните, со скенирање на фискални сметки, повторно се враќаат кај нив. 

Повеќе од 440 илјади корисници редовно скенираат фискални сметки и учевствуваат во проектот на УЈП „МојДДВ“. До сега, според пресметките имаме вратено околу четири милијарди денари кај граѓаните и ќе продолжиме и во иднина, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Сакам да напоменам дека имаме законски рок од 60 дена по завршување на секое тромесечје да извршиме исплата на дел од ДДВ-то, кое граѓаните го имаат скенирано преку фискалните сметки, дополни Лукаревска.

Промовирани огласи »

Во декември лани, вработените во воздухопловен транспорт земале нето плати од 118.949 денари, објави Државниот завод за статистика. 

Во  секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности нето платите изнесувале во просек 79.180 деанри, а информации и комуникации земале нето плати од 59.019 денари. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесувала 29.943 денари.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (13.1 %), Градежништво (12.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (10.4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.1 %) и Градежништво (7.6 %).

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија на денешната 16-та седница ја донесе Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се замрзнуваат цените на дополнителни продукти како што се овошјето, зеленчукот и пченицата и се определува највисоката трговска маржа за да се елиминираат можностите за раст на цените по други основи.

Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните производи: леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица, овошје и зеленчук.

На трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на наведените стоки се утврдува трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 10% на продажната цена пресметана во трговијата на мало. Кај трговците на големо, трговската маржа до 5% се однесува за сите учесници кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо, информираат од Владата.

Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10% се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции).

Оваа одлука ќе се применува од 1 март 2022 година до 31 мај 2022 година, заради потребата да се ограничи растот на цените во следните три месеци, односно трговската маржа да нема значајно влијание во растот на цените по престанувањето на важењето на одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, порачуваат од Владата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »