Промовирани огласи »

Рамсторе Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет “Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. Благодарение на тој непосреден пристап, веќе 17 години создава успешни кариерни приказни каде што има за цел да не е само компанија, туку и многу повеќе од тоа - семејство на своите вработени. Рамсторе семејството непречено расте и се развива, постојано се збогатува со нови маркети, нови вработени, но и новитети.

Доколку сакате да бидете дел од динамична компанија, која ги цени своите вработени и е свесна дека успехот е можен само со вистинскиот тим, аплицирајте на огласите:

ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ - СКОПЈЕ

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ 

ПРОДАВАЧИ ВО РИБАРА 

АСИСТЕНТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 

ПРОДАВАЧИ НА ДЕЛИКАТЕС,МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО

Промовирани огласи »

Претприемачките потфати се полни со погрешни чекори, несреќи и грешки. Без разлика на тоа колку сте натопени во искуство во деловната сопственост, во одреден момент сигурно ќе наидете на проблеми.

Значи, кои се најголемите грешки што ги прават сопствениците кога започнуваат и управуваат со нивните мали бизниси? 

Се обидуваат да се збогатат брзо

Успехот преку ноќ обично трае од 15 до 20 години за да се постигне. Ако влезете во очекување да бидете богати преку ноќ, може рано да се обесхрабрите и предвреме да се откажете од вашиот сон. Знајте дека за успехот е потребно време, упорност и малку среќа. Дајте му време на вашиот бизнис да расте. 

Сметаат дека се без конкуренција

Дури и ако го имате најновиот, најголемиот, најуникатен пристап кон нештата, немојте да претпоставувате дека немате конкуренција. Конкуренцијата е повеќе од само директни, очигледни конкуренти. Конкуренцијата е исто така сите достапни алтернативи. Што друго би можел да направи потрошувачот наместо да го користи вашиот производ или услуга? Не може да направи ништо? Клиентот речиси секогаш има можност да си замине. Самото тоа е сериозна конкурентна закана.

Слабо лидерство

Успехот на вашата компанија зависи од тоа да бидете силен, ефективен лидер. Ова не значи дека треба да бидете авторитарни, но исто така не треба да бидете сечии другари. Одличниот лидер постојано комуницира и го инспирира тимот да стигне до следното ниво.

Целосно се фокусирани на бизнисот 

Многу претприемачи го ставаат својот личен живот на чекање за да се фокусираат исклучиво на нивните бизниси. На крајот и двајцата страдаат. Нема сомнение дека на вашиот бизнис му треба вашето целосно внимание и напор, но само накратко. Исто како елитен спортист на тренинзите, треба да имате правилна, здрава исхрана, да се одморите доволно и да правите паузи. Урамнотежете го вашиот личен и деловен живот, и всушност ќе се справите подобро и во двете.

Поставуваат нереални финансиски цели 

 Многу претприемачи влегуваат во нови потфати планирајќи астрономски приноси. Сепак, повеќето никогаш не го отфрлаат бизнисот. Нереалните цели не само што го повредуваат вашиот кредибилитет, туку можат да бидат и емоционално исцрпување. Поставете конкретни, мерливи, одговорни, реални и временски специфични цели за да обезбедите постојан напредок. Ако го направите ова, вашите шанси да постигнете успех преку ноќ (за 15 до 20 години) се многу поголеми!

Промовирани огласи »

Невработеноста во четвртото тримесечје од 2021 година е на најниско ниво во независната економска историја и изнесува 15,2 отсто, согласно податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период во 2020 година е намалена за 5,6 проценти, односно 0,9 процентни поени, соопштија денеска од Влада. 

Како што истакнаа оттаму, Владата продолжува со посветена работа за создавање услови и поддршка за натамошно намалување на невработеноста до крајот на годината.

Согласно Планот за забрзан економски раст, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3 отсто во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6  проценти, потенцираа од Влада. 

Нагласија дека економските политики на Владата даваат резултати, просечната месечна нето плата во декември 2021 изнесува  29.943 денари.


Постигнавме договор за историско највисоко ниво на минималната плата од 18.000 денари, а согласно статистика растот на нашата економија во 2021 година изнесува четири отсто, кој е близу до владината проекција од 4,1 процент.  Во услови на светска криза се грижиме и за зачувување на стандардот на пензионерите. Затоа го реализираме и најголемото покачување на пензиите, кои континуирано ќе растат со  новата методологија која е усвоена според швајцарски модел.  Така, пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат просечно 900 денари плус на својата сметка и тоа е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија, посочија од Влада.

Промовирани огласи »

Финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни и промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите, договорија Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите. Од Владата велат дека со новата методологија ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт. Пензионерите се задоволни со решението, бидејќи со него, како што велат, се утврдува дека пензиите се економска, а не социјална категорија.

Финансиската поддршка за пензионерите, како што појасни синоќа по средбата премиерот Димитар Ковачевски, се обезбедува заради економската криза која е предизвикана и од КОВИД-пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија.

Заради енергетската криза и заради економската криза која произлегува, како од корона-кризата, така и од војната која што се води во Украина, се договоривме Владата да исплати финансиска помош на сите пензионери од по 1.000 денари за три месеци – април, мај и јуни, што треба да помогне во зголемувањето на буџетот на пензионерите, истакна премиерот.

Тој истакна дека на средбата се договориле да го прифатат предлогот на пензионерите за воведување нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата.

Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.

Со воведувањето на оваа методологија и со зголемувањето на пензиите, во 2022 во однос на 2021 година имаме историски најголемо покачување на пензиите. Со ова потврдуваме и исполнуваме уште едно од ветувањата дадени на денот кога ја избиравме Владата, а тоа е дека грижата за пензионерите ќе биде нејзин врвен приоритет, истакна Ковачевски.

Со ова, додаде тој, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, средствата предвидени за оваа намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но и со ребалансот на буџетот.

Средствата предвидени за ова намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но, со оглед на тоа дека ова усогласување е исто така во делот на втората половина од годината, дополнително ќе може да се реализира и со ребалансот на буџетот, кој ќе биде во текот на годината, како и секоја година. Исто така и за еднократната помош ќе може да се реализира уште сега како што беше најавено од страна на премиерот, рече Бесими.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова нагласи дека се задоволни со постигнатото решение, бидејќи како што нагласи, тоа ќе доведе до долгорочно системско решение кое непосредно ќе се применува и нема да зависи од никаков акт на Влада, туку едноставно ќе обезбеди правна сигурност на корисниците на пензија, бидејќи фондот ќе може да ги усогласи пензиите врз основа на податоците што ќе ги добие од Државниот завод за статистика.

Претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски по средбата истакна дека прв пат во историјата Владата посветила толку големо внимание на пензионерите.

Со промена на оваа методологија е запазен принципот дека се пензиите се економска, а не социјална категорија и овој принцип на усогласување на пензиите е еден од најповолните принципи во Европа, па и во светот, истакна Николовски.

Првата средба за утврдување на новата медодологија беше одржана во февруари.

Во моментов, според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија од јануари 2022, во земјава има вкупно 326.841 корисник на пензија. Од нив старосна пензија добиваат 220.831 корисник, семејна пензија 75.249 корисници, инвалидска пензија 29.736 корисници, воена 952 и земјоделска пензија 37 лица.

Според податоците од Фондот, највисока пензија во моментов изнесува 59.674 денари, а најниската пензија е 10.791 денари. Најголем број 20.809 корисници на пензија земаат од 20.000 до 22.000 денари. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »